Недела, 11 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ТЕРИТОРИЈАЛНА ЗАСТЕПЕНОСТ НА 200те НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО 2022 ГОДИНА

Погледнете ја статистиката на територијалната застапеност на 200те најуспешни компании во Македонија за 2022 година.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ЗАСТЕПЕНОСТ НА 200те НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО 2022 ГОДИНА

Како што се претставени најголемите компании, така претставени по градови се и 200те најуспешни компании во Македонија. 

Од нив 63,5% односно 127 од 200те најуспешни компании како што е и очекувано повторно, го зафаќаат Скопскиот регион. Овие 127 компании пак, учестуваат во вкупната добивка со импресивни 74,9%. Воедно како број еден најуспешна компанија и оваа година ќе ја посочиме компанијата ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје која успеа да оствари вкупна добивка пред оданочување од 4.913.132.329 денари. 

Под Скопје следи Струмица, каде што застапени се 10 компании. Како најуспешна од Струмица за 2022 година се најде градежната компанија СИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО. 

Одма под Струмица се наоѓа и Битола претставена со 9 компании и Штип каде што се наоѓаат 7 фирми. 

Во Битола најуспешна беше компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, додека пак во Штип како број еден се најде КИТ-ГО ДООЕЛ.

Погледнете во продолжение како беа распространети сите 200 компании низ градовите во Македонија за 2022 година.


ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт