Понеделник, 23 Ноември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Тиквеш - Виното како уметност и животна визија

Винарската визба Тиквеш ја носи винската традиција на Македонија на светско ниво, создавајќи вина инспирирани од природата, уметноста и луѓето.
Тиквеш - Виното како уметност и животна визија

Виното не е само пијалок – тоа е култура, уметност и визија. Во Тиквеш, оваа филозофија е основа на секое шише вино. Претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски, уште во 2003 година постави амбициозна цел: македонската земја, боите, луѓето и песните да се почувствуваат преку виното.

„Се посветивме на идејата дека боите на оваа земја, нејзиниот народ, неговиот пејсаж, музиката и аромите треба да бидат преточени во нашите вина,“ – вели Јаневски.


Од магливата тишина на Барово, преку песочните падини на Лепово, до свежината на Бела Вода – вината на Тиквеш ја раскажуваат приказната на македонската душа. И тоа не е само поетска метафора – тоа е искуство што го потврдуваат светските вински награди што визбата ги освојува речиси секоја година.

Со лозја рачно обработувани, грозје селектирано зрно по зрно, и производство водено од врвни енолози со меѓународно искуство, Тиквеш е симбол на постојана трансформација и стремеж кон извонредност.


Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Трговијата на мало водечка меѓу најголемите индустрии, зголемување на вкупните приходи и на добивката пред оданочување, но умерено опаѓање на просечниот број на вработени. Што покажуваат податоците во новото печатено издание 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт