Вторник, 22 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ВАРДАР ДОЛОМИТ- успешна компанија за производство на синтер доломит, доломитни опеки и маси

Вардар Доломит е европски производител на синтер доломит, доломитни опеки и маси, лоцирана во Гостивар и е во сопственост на групацијата ХАЗНЕДАР РЕФРАКТОРИС.
ВАРДАР ДОЛОМИТ- успешна компанија за производство на синтер доломит, доломитни опеки и маси

Имајќи директен пристап и контрола на главната сировина преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Преработката на суровини кои се добиваат од локални рудници претставува високоефикасен производен процес кој го минимизира влијанието врз околината и ја подобрува одржливоста на бизнисот.

Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во последните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина.

Фабриката за доломитни огноотпорни материјали е изградена во 1964/65 г. во состав на претпријатието РИОМ"Силика" од Гостивар. Во Јули 2003 г. Турската компанија "Haznedar Refrakter Sanai", станува 100% сопственик на "Силика-Доломит", сегашен "Вардар Доломит"-ДООЕЛ Гостивар. По превземањето на фабриката, новиот сопственик вложи дополнителни средства за модернизација и рестартирање на производството и континуирано вложува се до ден денес.


Во 2022 година компанијата успеа да го забележи 113 место на листата на Најуспешни компании рангирани според вкупната добивка пред оданочување.  Исто така Вардар Доломит броел просечен број на вработени од 130 во текот на изминатата година.

Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година. 

Компанијата полага значајно внимание на безбедноста на работната околина како и на здравјето на вработените. Се преземаат сите неопходни мерки за навремено превенирање на потенцијалните ризици и на сите вработени задолжително се вршат редовни здраствени прегледи.

Вардар Доломит исто така вложува во обуки на своите вработени и се отворени за соработка со училишта, факултети и институции на полето на наука, инженерство и технологија.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт