Сабота, 24 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ВЕРОПУЛОС - Купувачот е нашиот шеф

Докажан факт е дека компанијата Веропулос негува професионални и партнерски релации со сите свои комитенти. Условите за соработка, информациите, искуствата и новитетите кои Веропулос безрезервно ги дели со своите партнери и комитенти создаваат поволна бизнис-клима и отвораат нови предизвици за совладување во малопродажниот бизнис на овие простори.
ВЕРОПУЛОС - Купувачот е нашиот шеф

На овој пазар Веропулос е присутен од 1997 година со отворање на првиот супермаркет во Скопје. Со самото доаѓање во 1997 година, претставува една од поголемите странски инвестиции од осамостојувањето на државата. Со своето започнување со работа, Веро внесе нов тренд и поинаков начин на пазарување во согласност со сите европски стандарди и методи на работа во малопродажниот бизнис.

Нашата основна активност и определба е ширење на синџирот супермаркети на места каде што потрошувачите ќе најдат сè на едно место, ќе пазарат по најповолни цени, ќе добијат најквалитетна услуга и, секако, ќе уживаат при пазарувањето. Добро организираниот асортиман, контрола на квалитетот, беспрекорни услуги, континуирано присуство на промотивни и акциски продажби, ексклузивни производи и брендови кои се застапени само во маркетите на Веро бездруго се карактеристиките по кои ќе ги препознаете нашите супермаркети.

Бројот на посетеност од повеќе од 25.000 потрошувачи дневно го докажува тоа.

Нашите супермаркети нудат асортиман од над 35.000 производи со гарантирано контролиран квалитет. Деведесет отсто од асортиманот на производи е од домашни добавувачи или производители, а десет отсто се производи од увоз.

Денес Веропулос, по 19 години постоење, е присутен на овој пазар со 7 супермаркети во Скопје, 2 во Битола и 2 во Тетово.

Вкупната површина на Веро супермаркетите изнесува 20.000 m2, а има 1000 вработени.

Покрај нашата јасна определба за дефинирање и задоволување на потребите и желбите на нашите потрошувачи, важни компоненти за нас претставуваат ефикасната работа на вработените и партнерскиот однос со корпоративниот свет. Континуираното едуцирање и здобивање практично знаење на персоналот е со цел да се обезбеди и постојано да се подобрува квалитетот на услугите за сите потрошувачи.

Идните планови на Веропулос, кои се однесуваат на ширење на синџирот и отворање супермаркети во сите поголеми градови во земјата, гарантираат и отворање на нови работни места.

Повеќе за растот на Веропулос ДООЕЛ може да видите ТУКА. 

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт