Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Вековна винска традиција од македонското поднебје – ВВ Тиквеш

Долги 139 години Тиквеш ги произведува врвните вина од најдоброто грозје од тиквешијата кои се познати низ целиот свет.

Традицијата датира уште од далечната 1885 година кога е основана компанијата Тиквеш која до ден денешен продолжува со произведување на квалитетни вина од тиквешкиот регион со најсовремена технологија. 

Низ годините компанијата се соочува со разни предизвици, како од бизнис аспект така и од временските услови кои директно ја афектираат нивната специфична суровина, но сепак Тиквеш во времето пред Втората Светска Војна успева да изгради успешен и препознатлив бренд на Балканот и пошироко. Веќе до крајот на шеесеттите години на минатиот век, Тиквеш станува најголемата винарска визба во Југоисточна Европа, а кон крајот на следната деценија уште повеќе се зголемија капацитетите за сместување и одлежување на вината и беше изграден нов централен погон со автоматска линија за полнење.


Од почетокот на 2000тите години ВВ Тиквеш добива нов сопственик и оттогаш започнуваат обемни инвестиции за целосно модернизирање на винаријата и унапредување на процесите на производство. Па така, во 2008 година, брендот “Тиквеш” е прогласен за еден од 30те најиновативни вински брендови во светот. Денес, Тиквеш е светски познат производител на класични вина, но и на премиум вина, од кои некои имаат освоени и златни медали и други високи награди.


Сите овие години откако се издава 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Тиквеш е дел од листите и постојано ги подобрува своите резултати. 2022 година и донесе на компанијата пораст на вкупните приходи од 40,5%, а на добивката пред оданочување од 26,5. Компанијата беше рангирана на 99то место на листата на најголеми и 76то место на листата на најуспешни компании. Повеќе за нив и нивните финансиски податоци низ годините, може да најдете тука.



Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт