Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Жан Митрев, 22 години врвна медицинска нега

Клиничката болница Жан Митрев важи за една од најдобрите и најреномираните болници во Македонија. На чело на болницата е акад. д-р Жан Митрев, кардиоваскуларен хирург.

Почетоците на компанијата се во 2000 година кога била основана под името Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, а по 16 години болницата се префрла во нов, сопствен објект со многу поголем капацитет и тогаш го добива името Клиничка болница Жан Митрев под кое е позната и денес. 

Станува збор за софистициран, современ медицински центар кој располага со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки и е еден од најпознатите во регионот. Од своето основање, болницата има добиено бројни награди и признанија, на национално и глобално ниво, кои само дополнително говорат за квалитетот на медицинските услуги и тимот кој делува под закрила на К.Б. Жан Митрев.


Главна цел на компанијата е да придонесе за подобрување на здравјето преку најдобра можна грижа за своите пациенти и посветеност од страна на медицинскиот персонал. 

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја препознава и ја рангира како една од најголемите и најуспешните на пазарот уште од самите почетоци во 2003 година кога К.Б. Жан Митрев влегува на листата на најуспешни компании на 129то место со добивка од 19,2 милиони денари. Графиците прикажани подолу, ги прикажуваат движењата на вкупните приходи и добивката пред оданочување низ годините, заклучно со 2021 година. 

Може да се забележи и покрај одредени падови во некои од годините, сепак резултатите од работењето прикажуваат растечки тренд според двата критериуми, па така 2021 година компанијата ја заврши со 2 милијарди денари вкупен приход и 614,5 милиони денари добивка пред оданочување и рангирана како 104 најголема и 23 најуспешна компанија. Компанијата заклучно со декември 2021 година вработува 285 луѓе. 


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт