Денес, овој ден делумно ја има изгубено политичката конотација која била во главен фокус на почетокот на 20тиот век и го задржува симболичното значење.
Во чест на овој ден, ги поздравуваме силните жени кои храбро и успешно одат низ животот и се остваруваат како мајки, жени, домаќинки, а потоа и како бизнис жени.
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги издвојува жените претприемачи кои ги водат најдобрите компании на нашиот пазар и кои и покрај големата конкуренција сепак се вбројуваат во најголемите и најуспешните компании.
Тања Милисковиќ е Генерален Директор на странската директна инвестиција Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ која е рангирана како 8ма најголема и 58ма најуспешна компанија за 2022 година.
Домашната компанија за трговија со горива, Пуцко Петрол е управувана од Божанка Грозданова. Нејзината компанија е рангирана на 60то место на најголеми и 78мо место на најуспешни компании.
Даниела Адемоска е жената која го води едниот од најголемите маркети Рамсторе Македонија. Компанијата е рангирана како 76та на листата на најголеми по вкупно остварен приход за 2022 година.

Даниела Адемоска, Генерален Менаџер на Рамсторе Македонија
Ланецот на аптеки, односно компанијата за трговија со фармацевтски производи Еуро-Фарм со седиште во Битола е предводена од м-р. спец. Татјана Стерјева, а нејзината компанија е 84та според вкупно остварен приход.
Тука е и најдобрата логистичка компанија во Македонија, Kuehne+Nagel Македонија, на чело со Благица Трпезановска. Kuehne+Nagel 2022 година ја заврши како 169та најголема компанија.

Благица Трпезановска, Генерален Менаџер на Kuehne+Nagel Македонија
На чело на една од најуспешните компании кои се управувани од жена, Флекс Кредит ДОО, е Јоана Спасовска. Нејзината компанија е рангирана на 45тото место на листата на најуспешни според остварената добивка пред оданочување во 2022 година.
Кристина Трајкоска Костеска е една од управителите на Илинден АД од Струга, компанија за градежништво, рангирана како 98ма најуспешна компанија.
Најголемиот европски дрогериски синџир, ДМ Дрогерие Маркт исто така е компанија водена од жени, рангирана како 143та најуспешна и 156та најголема компанија. Нејзини управители се Александра Оливера Кориши и Весна Стојановиќ.

Александра Оливера Кориши и Весна Стојановиќ, Генерални менаџери на ДМ Дрогерие Маркт
Тука се и дел од банките и осигурителните компании. Односно, Про Кредит Банка е рангирана како 6та најголема и 7ма најуспешна банка, а е на чело со Јованка Јолеска Поповска. Кај осигурителните компании се работи за Еуролинк која е управувана од Марија Томеска, а е 3та најголема и 4та најуспешна осигурителна компанија.

Марија Томеска, Генерален Менаџер на Еуролинк Осигурување
Повеќе за компаниите и податоците за нив прочитајте тука.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт