Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Зошто Volkswagen брендовите имаат лојални купувачи со децении?

Веќе 20 години Порше Македонија е лидер на македонскиот автомобилски пазар, а брендовите на групацијата Volkswagen AG со децении наназад имаат лојални поддржувачи. Зошто?

Оваа, 2025 година Порше Македонија прослави 20 години постоење на македонскиот пазар. Тоа е компанија која долги години е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, а во своите две децении постоење докажа дека лојалноста не се купува – туку се гради и се заслужува!

Компанијата ги бележи своите почетоци од крајот на 2005 година, кога се формираше како дел од Porsche Holding Salzburg, првично застапувајќи ги брендовите Volkswagen и Audi за Македонија и Косово.

Денес, таа е единствениот увозник во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG со вкупно 7 дилерски центри на територијата на Македонија и 4 во Косово.

Дилерските центри на Порше Македонија се препознатливи по своите најсовремени изложбени салони, но и најсовремените сервисни центри, а во нив може да се најдат светски познати брендови меѓу кои, освен Volkswagen и Audi се и Škoda (од 2007), SEAT (2014), Porsche (2016) и CUPRA (2024).

Тајната на Порше Македонија за креирање огромен број лојални купувачи

Приказната за Порше Македонија е уште еден доказ дека лојалноста кон автомобилски бренд не се создава преку ноќ.

Таа се гради со години – преку доверба, квалитет и искуство кое се повторува од генерација на генерација.

Токму затоа брендовите од Volkswagen AG веќе со децении имаат купувачи кои повторно и повторно се враќаат.

Но, што е она што придонесува автомобилите на групацијата Volkswagen, коишто се продаваат во изложбените центри на Порше Мaкедонија со децении наназад да имаат лојални купувачи коишто постојано се враќаат?

1. Конзистентен квалитет и сигурност

VW AG е познат по тоа што не прави компромис кога станува збор за издржливост и безбедност.

Без разлика дали станува збор за Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT или CUPRA, купувачите знаат што добиваат – автомобил кој е тестиран, проверен и направен да трае.

2. Технологија што се развива, а не експеримент 

Една од клучните причини за довербата на клиентите е пристапот кон иновациите.

Volkswagen е познат по тоа што новите технологии најчесто се воведува постепено, по темелни тестирања, што им дава сигурност на возачите дека возат нешто докажано, а не експериментално.

3. Широка понуда за секоја фаза од животот

Од првиот градски автомобил, преку семејни SUV модели, до премиум и спортски возила – Порше Македонија нуди решение за секоја животна фаза.

Многу купувачи започнуваат со еден бренд, а со текот на времето во зависност од својата животна фаза, одлучуваат да преминат на друг автомобил од групацијата.

4. Препознатлив дизајн и идентитет

Дизајнот на автомобилите од групацијата Volkswagen е еволутивен, не револуционерен.

Тоа значи дека моделите се модерни, но и препознатливи.

Купувачите се чувствуваат „како дома“ кога седнуваат во нов модел, бидејќи логиката, ергономијата и чувството зад воланот им се познати.

5. Силна сервисна мрежа и поддршка

Овластените сервиси, достапноста на оригинални делови и стандардизираниот квалитет на услуга се огромен фактор за долгорочна лојалност.

Купувачите знаат дека и по купувањето, имаат сигурна постпродажна поддршка во најсовремените сервисни центри на Порше Македонија.

6. Вредност што се чувствува со години

Автомобилите од VW AG традиционално добро ја задржуваат својата вредност.

Тоа е резултат на квалитетната изработка, репутацијата и побарувачката на пазарот, заради што новиот автомобил од Порше Македонија, не може така лесно да ја загуби вредноста на пазарот, што е уште една причина зошто купувачите остануваат верни.

7. Емоционална врска со брендот

За многумина, возилото што го возат не е само автомобил, туку дел од семејната историја. Родители, деца и внуци кои возат ист бренд создаваат емотивна поврзаност што ретко се раскинува.

Сите овие фактори одат во прилог на тврдењето дека лојалноста не се купува – таа се заслужува, а Порше Македонија, со увозот на возилата од групацијата Volkswagen со децении го потврдува тоа преку квалитет, иновации и доверба кои траат.

Импресивни резултати во 2023 година

Оттука, воопшто не зачудуваат импресивните резултати што Порше Македонија ги покажува, како лидер на македонскиот автомобилски пазар.

Според податоците од Централниот регистар, 2023. година била една од најуспешните за Порше Македонија.

Таа година, компанијата успеала да оствари вкупни приходи во износ од 5.690.372.781 денари и добивка пред оданочување од 293.261.027 денари.

Процентуално, растот на приходите во однос на претходната година е за 58,36%, благодарение на што, компанијата успеа да се најде на 55. место на ранг листата на најголеми македонски компании, и направи скок од 33 позиции нагоре.

Уште поимпресивен е растот на добивката пред оданочување, за 88,21%, со што компанијата се рангираше на 44. место на ранг листата на најуспешни македонски компании и направи скок нагоре за 65 позиции.

Ваквите бројки се само уште еден доказ дека автомобилите од групацијата Volkswagen AG отсекогаш биле и остануваат едни од најомилените на нашиот пазар – како симбол за безбедност, издржливост, но и животен стил и луксуз.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт