Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

„КАМ“ го отвори најголемиот логистички центар во државата

КАМ го отвори најголемиот логистички дистрибутивен центар во државата. Објектот изграден по највисоките градежни и енергетски стандарди е лоциран на само неколку километри од центарoт на Скопје.

Логистичко - дистрибутивниот комплекс се протега на 60.000м2, со магацински простор од 16.000м2 и со максимален капацитет за складиштење на 6.800 палети со суви и 2.500 палети со замрзнати производи, вклучително овошје, зеленчук и свежо месо. 

Современото архитектонско решение и применетата најсовремена технологија во работните процеси, значително го намалуваат потребното време за складиштење и управување со огромни количини на прехранбени и непрехранбени производи. Новите работни процеси значително го намалуваат времетраењето на приемот, складиштењето и дистрибуцијата на производите до маркетите, континуирано обезбедувајќи ја потребната свежина. 


Секојдневната навремена достава на свежи, безбедни и квалитетни производи до потрошувачите за КАМ е врвен приоритет. Со инвестицијата од 12 милиони евра во новиот логистички дистрибутивен центар во КАМ се постигнаа неопходните предуслови за современи продуктивни и ефикасни работни процеси како и економичност во работењето како услов за обезбедување на најповолната понуда за своите потрошувачи.

Применувањето на високите стандарди во работењето и гарантирањето  на квалитетот на производите се постигнува преку постојаните контроли спроведувани од стручниот тим на одделот за Контрола на квалитет на КАМ. Правилното чување на складираните прехранбени производи на различни температурни режими во современите наменски комори за овошје, зеленчук, месо, чоколади, млечни и длабоко замрзнати производи континуирано е предмет на строгите проверки и контроли. 


КАМ самостојно ефикасно извршува секојдневна контрола во снабдувањето на своите маркети ширум државата. Применувањето на современата опрема за маневрирање, следење и управување со количините во логистичкиот центар, покрај високата ефикасност значително ја олеснува работата на вработените. 

Задоволството на вработените на КАМ е високо на листата со приоритети. Новиот Логистички-дистрибутивен центар нуди современи услови и пријатна работна атмосфера за повеќе од 150 вработени чија работа компанијата ја вреднува со редовната исплата на стимулативни месечни примања.

Како општествено одговорна компанија, со новата инвестиција КАМ воедно ги подигна стандардите за активен придонес во заштитата на животната средина. Со модерниот пристап во работењето се овозможува месечно да се рециклираат над 100 тони отпад, додека преку оптимизираната дистрибуција се елиминирани рути во должина од 5 милиони километри со што се постигнува помала емисија на CO2 за 900 тони месечно.


Со пуштањето во употреба на новиот логистички центар, КАМ ја потврдува лидерската позиција доследно промовирајќи ги европските стандарди во работењето на хард дисконт малопродажбата во Македонија. 

Доследно придржувајќи се до познатиот слоган „Висок квалитет – ниски цени“  КАМ секојдневно успешно ги исполнува очекувањата на потрошувачите. 

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт