1. Економијата во Р. С. Македонија

2. 200 Најголеми компании
Рангирањето на 200те најголеми компании во Р. С. Македонија е направено според нивниот вкупен приход остварен за 2021 година.
Покрај податокот за вкупен приход на овие компании, прикажан е и растот на приход во % за 1 година, како и добивката пред оданочување и просечниот број на вработени за 2021 година.

Рангирањето на 200те најуспешни компании во Р. С. Македонија е направено според нивната вкупна добивка пред оданочување остварена за 2021 година.
Покрај податокот за вкупна добивка пред оданочување, исто така, прикажан е и растот на добивката во % за 1 година, нивниот вкупен приход и просечниот број на вработени за 2021 година.
Оваа година регистрирани се 13 активни банки во земјата според НБРМ.
Рангирањето на најголемите банки е направено според нивниот капитал и резерви, а на најуспешните банки според добивката пред оданочување.
Оваа година регистрирани се 16 активни осигурителни компании во земјата според АСО, од кои 5 компании за животно и 11 компании за неживотно осигурување.
Рангирањето на најголемите осигурителни компании е направено според бруто полисираната премија, а на најуспешните осигурителни компании според добивката пред оданочување.
6. Најбрзо растечки фирми
Подготвуваме споредба на добивката на компаниите во однос на изминатата година, како и во однос на 5 години наназад. Со тоа гледаме кои компании имаат најголем процентуален раст на добивката односно кои компании се оние кои се најпрофитабилни во периодот на анализата.
Презентирани се топ 50 најголеми работодавци од 200те најголеми и 200те најуспешни компании за 2021 година, според просечниот број на вработени за 2021 година, со кои може да се врши споредба со бројот на вработени од претходните години, и со тоа да се забележи како се движела работната сила во моментов, во време на кризни состојби.

Распоред на 200те најголеми и 200те најуспешни компании според нивните дејности. Овде може да погледнеме кои дејности биле повеќе, а кои помалку профитабилни за 2021 година. Групирани се по сектор и оддел според националната класификација на дејности.

Претставена е територијална застапеност на 200те најголеми компании за 2021 година, во проценти, според учеството во вкупниот број на компании и според учеството во вкупниот приход и територијалната застапеност на 200те најуспешни компании за 2021, според учеството во вкупниот број на компании и учеството во добивката.

Направена е споредба во бројките со земјите од регионот. Поточно претставени се табеларно, 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Хрватска и 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Словенија, со прикажан вкупен приход и добивка пред оданочување, како и нивната дејност.

Нарачка можете да направите на
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт