Можеме да забележиме, од овогодинешната едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, како најголемите фирми во Р.С. Македонија така и најуспешните забележуваат пораст во нивните вкупни добивки во однос на изминатата 2020та година. Имено, вкупната добивка пред оданочување на најуспешните 200 компании за 2021 изнесува 62.337.432.082,00 денари, додека вкупната добивка пред оданочување на најуспешните компании остварена во 2020 изнесувала 54.645.511.742,00 денари.
Со тоа се забележува пораст од дури 14.07% во вкупната добивка пред оданочување во рок од една година.
Во однос на тоа кои од дејностите се застапени, можеме да погледнеме дека во најуспешните 10 компании, 4 се од преработувачката индустрија – ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, ИГМ-ТРЕЈД ДОО, АЛКАЛОИД АД и УСЈЕ АД, потоа 1 е од индустријата на трговија на големи и мало – МАКПЕТРОЛ АД, 1 е од индустријата на рударство и вадење на камен – САСА ДООЕЛ, 1 е од индустријата на информации и комуникации – МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД, 1 е од градежната индустрија – ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, 1 од индустријата на административни и помошни услужни дејности – ЕВН МАКЕДОНИЈА АД и 1 од индустријата на снабдување со електрична енергија, гас пареа и климатизација – ТЕ-ТО АД, Скопје.
Праработувачката индустрија повторно забележува најголема остварена добивка пред оданочување за 2021 година и тоа – 21.968.115.554,00 денари. Рангирана на првото место на листата се наоѓа компанијата ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје со оставрена вкупна добивка пред оданочување од 5.034.288.542,00 денари.
САСА ДООЕЛ, Македонска Каменица.
Саса — рудник за олово и цинк којшто се наоѓа на јужните падини на Осоговските планини, во непосредна близина на селото Саса. Тој е најголемиот подземен рудник во Македонија. Компанија се наоѓа на листите на најголеми и најуспешни во Македонија уште од 2006 година.
Годинава рангирани се како 3та најуспешна компанија во Македонија за 2021 година.
Имаат оставрено вкупна добивка пред оданочување од 2.459.618.282 денари, што е за 45,37% повеќе во споредба со 2020 година кога нивната добивка пред оданочување изнесувала 1.692.028.944 денари.
Компанијата денес брои 720 вработени што воедно и преставува најголем просечен број на вработени за една година, во споредаба со изминатите 5 години.
Уште една компанија која што се наоѓа на листата на топ 10 најуспешни во Македонија во последните 5 години е ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, Скопје.
Годинава ЕВН МАКЕДОНИЈА се наоѓа на 5тото место на најуспешни фирми за 2021 година.
ЕВН во изминатите години инвестираше над 452 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и корисничките услуги. ЕВН сега претставува поголемо семејство компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост во секој поглед.
ЕВН исто така имаат и најнов член на семејството, а тоа преставува ЕВН Хоме. ЕВН Хоме се грижи и ја извршуваа улогата на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај. ЕВН Хоме ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар.
На 9то место на најуспешни компании ни доаѓа една компанија од преработувачката индустрија, поточно од дејноста на прозводство на основни фармацевтски производи и фармацевстки препарати. Станува збор за АЛКАЛОИД АД, Скопје.
АЛКАЛОИД AД, Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија).
Забележуваат исти ранг на листата на најуспешни (9) како и изминатата година, но со зголемување на добивката, а исто така и на вкупните приходи.
Имено, забележуваат зголемевање на вкупната добивка пред оданочување од 11,20%, додека пак зголемувањето на вкупните приходи во однос на 2020 година изнесува 4,36%.
Зголемување забележуваме и во просечниот број на вработени во 2021 година. Тој изнесувал 1860, што е за 123 повеќе од 2020 година каде што просечниот број на вработени бил 1737, што значи дека и во услови на криза компанијата успеала да го зголеми својот број на вработени и да продолжи со успешното работење.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт