Четврток, 19 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Кога станува збор за традиција, квалитет и препознатлив вкус, малку брендови во Македонија можат да се пофалат со наследство како она на винарската визба „Тиквеш“.

Со децении ВВ „Тиквеш“ е една од најуспешните македонски компании, а препознатлива е по тоа што создава вина и вински производи кои се меѓу најбараните не само на домашниот пазар, туку и во многу земји ширум светот.

Денес, со освежен изглед и модерна презентација, производите на „Тиквеш“ добиваат ново руво – но зад новиот дизајн и понатаму стои истиот стар, докажан квалитет.

Традиција што трае повеќе од еден век

Основана во 1885 година во срцето на тиквешкиот вински регион, винарската визба Тиквеш претставува симбол на македонското винарство.

Плодната почва и поволната клима на тиквешкиот регион овозможуваат одгледување на врвно грозје, кое што, пак, од друга страна е основа за создавање на вина со богат вкус, карактер и автентичност.

Со текот на годините, компанијата континуирано инвестира во современа технологија, знаење и иновации, со цел да го задржи високиот стандард на производство и да одговори на барањата на современите потрошувачи.

Ново руво, препознатлив вкус

Во последниот период, дел од производите на „Тиквеш“ добија освежен визуелен идентитет. Новиот дизајн на етикетите и амбалажата е поелегантен, модерен и лесно препознатлив на полиците, но ја задржува автентичноста и традицијата по која брендот е познат.

Ова „ново руво“ не значи промена на рецептурата или квалитетот. Напротив – зад новиот изглед и понатаму стои истиот внимателен процес на производство, селекција на најквалитетно грозје и посветеност кон секое шише што излегува од визбите на „Тиквеш“.

Вина што ги обединуваат генерациите

Вината на Винарска визба Тиквеш со години се дел од македонските семејни трпези, прослави и посебни моменти. Од традиционални сорти до модерни вински линии, компанијата нуди богат избор на вкусови кои можат да одговорат на различни вкусови и потреби.

Токму затоа „Тиквеш“ успева да ги обедини различните генерации – оние кои со години го препознаваат брендот како симбол на сигурен квалитет, но и помладата публика која бара современ изглед и модерно винско искуство.

Македонски бренд со светска репутација

Покрај успехот на домашниот пазар, Винарска визба „Тиквеш“ успешно ги пласира своите производи на бројни странски пазари. Вината на компанијата редовно освојуваат награди на меѓународни вински натпревари, што претставува дополнителна потврда за нивниот врвен квалитет.

Годинава, винарската визба „Тиквеш“, ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini.

„Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и континуирани инвестиции во квалитетот на нашите вина.

За нас ова признание има особено значење, но претставува и дополнителен мотив во иднина сѐ поамбициозно да го унапредуваме квалитетот.

Ќе продолжиме да создаваме вина кои со својата автентичност и комплексност ќе бидат препознаени и ценети од винските експерти и од потрошувачите од целиот свет и ќе бидат уште поголема гордост на Македонија“, изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Инаку, оваа почесна титула им се доделува на производители на вино кои во текот на 25-годишната историја на Mundus Vini покажале исклучителна конзистентност, врвен квалитет и извонредни резултати, позиционирајќи се меѓу најуспешните и најнаградуваните учесници во историјата на овој реномиран натпревар.

Наградата е уште една силна потврда за меѓународната препознатливост на вината на „Тиквеш“, кои со години наназад освојуваат бројни признанија на најпрестижните светски натпреварувања и дегустации.

Признанието „Најдобар производител – Република Македонија“ се доделува врз основа на долгогодишните резултати и медали што вината на визбата ги освоиле на Mundus Vini, една од највлијателните вински манифестации во светски рамки.

Со комбинација од традиција, современ пристап и континуирана грижа за квалитетот, „Тиквеш“ останува еден од најсилните амбасадори на македонското вино во светот.

Квалитет што не се менува

Иако амбалажата може да се промени, суштината останува иста – посветеност кон врвен квалитет и автентичен вкус. Производите на „Тиквеш“ и понатаму го носат духот на македонската винска традиција, спакуван во модерно и привлечно руво.

Затоа, следниот пат кога ќе посегнете по шише од „Тиквеш“, ќе знаете дека зад новиот изглед се крие истиот стар добар квалитет, создаван со страст, искуство и љубов кон виното.

Како котираше ВВ „Тиквеш“ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?

2024 година беше уште една успешна година за овој препознатлив македонски производител на вино. ВВ „Тиквеш“ оствари вкупен приход од 3.725.700.111 денари и добивка пред оданочување од 296.695.104 денари.

Благодарение на овие финанскиски показатели, компанијата се искачи на 86. место на ранг листата на најголемите и на 66. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

ВВ „Тиквеш“ уште еднаш покажа дека останува доследна во неговањето на традицијата на производство на најквалитетни вина и вински производи, кои се препознатливи не само кај нас, туку во целиот свет, а новата амбалажа само му дава нов и освежен изглед на стариот добро познат квалитет.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт