Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Навистина би било супер да можете да одите на одмор без да се грижите колку ќе треба да платите за интернет во роаминг, да дополните интернет секогаш кога сте при крај, или пак да гледате стриминг услуги бесплатно? Таква можност веќе постои и се вика A1 Net Sef.

Во свет каде секој мегабајт е важен, A1 Net Sef носи сосема нов пристап кон користењето мобилен интернет, а истовремено претставува и важна алатка за А1 Македонија за биде прв избор за мобилен оператор кај голем број корисници и да се пласира како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ македонски компании.

Наместо неискористениот интернет да пропадне на крајот од месецот, корисниците можат да го зачуваат и да го претворат во вредност што навистина им треба – роаминг интернет, стриминг услуги или други бенефити.

Оваа флексибилност го менува класичниот модел на телекомуникациски услуги и им дава поголема контрола на корисниците врз сопствените пакети.

Со едноставно управување преку апликацијата Мојот A1, Net Sef станува „паметно“ решение што го прави дигиталното искуство попрактично, поекономично и прилагодено на модерниот начин на живот.

Што е A1 Net Sef?

A1 Net Sef е Ваш личен сеф за интернет, каде се зачувува вашиот интернет кој потоа можете да го размените за услугата која ви треба или други пакети по ваш избор, без дополнителни трошоци.

Зачуваниот интернет во А1 Net Sef можете да го користите и доколку го потрошите месечниот интернет вклучен во Вашата тарифа.

Состојбата на Вашиот A1 Net Sef и размената можете да ја вршите во секое време преку апликацијата Мојот А1. За да ги гледате сите опции за размена, потребно е да ја користите последната верзија на апликацијата Мојот А1.

Пакетите може да се разменуваат или подаруваат еднаш во период од 30 дена.

Како можете да го дополните Вашиот A1 Net Sef?

Покрај месечното дополнување со интернет, Вашиот A1 Net Sef можете да го дополните на следните начини:

  • 5GB - добивате со онлајн плаќање на месечната сметка;
  • 10GB - добивате со надополнување припејд кредит преку Мојот А1;
  • 20GB - добивате со активирање eSIM-картичка;
  • 50GB - добивате со онлајн склучување договор.

Разменете за тоа што ви треба – кога најмногу ви треба

A1 Net Sef е мошне корисна алатка кога патувате во странство, па неискористениот интернет можете да го размените за бесплатни гигабајти во роаминг.

Исто така, можете да го замените и за одредени стриминг услуги како Netflix, Gley и SkyShowtime, а вклучувањето на услугите е мошне лесно и едноставно и ви овоможува на еден уред да ги користите услугите без дополнителни трошоци. Тоа само по себе значи заштеда на трошоци за стриминг услуги и олеснување на плаќањето (доколку сепак се одлучите за поголеми пакети).

Неискористениот мобилен интернет можете да го замените за користење на апликацијата Boksy која ви овоможува да читате книги на македонски јазик, или пак, да користите некои од услугите како A1 Xplore TV или Net Protect.

Исто така, неискористениот интернет можете да го префрлите во вашиот А1 Digi Pocket и да акумулирате средства кои понатаму ќе ги искористите за купување на нов уред.

Од сè изнесено погоре, јасно е зошто А1 е прв избор на оператор кај голем број македонски корисници.

Освен поволностите што ги добивате со секој склучен договор и квалитетните услуги, ова е компанија која се труди максимално да им возврати на своите потрошувачи за довербата што им ја укажале. Оттука, воопшто не зачудува фактот дека А1 Македонија со години наназад гордо го зазема своето место во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

А1 Македонија во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во 2024 година А1 Македонија се искачи на 11. место на Ранг листата на најуспешни македонски компании и на 18. место на ранг листата на најголемите.

Компанијата остварила вкупен приход од 10.595.711.576 денари и добивка пред оданочување од 1.348.386.636 денари.

Процентуално, компанијата остварила вкупен раст на приходите за 3,03% поголем од претходната година, а растот на добивката пред оданочување бил поголем за 37,13%.

Во тој поглед, компанијата не направила поместување во однос на ранг листата на најголемите компании во Македонија, но на ранг листата на најуспешните бележи скок од една позиција нагоре.

Како една од водечките компании во телекомуникацискиот сектор А1 Македонија, добро ги препознава потребите на своите корисници: Освен што нуди уникатни понуди и услуги, како за приватните и бизнис корисниците, услуги од областа на безбедноста на интернет, компанијата активно вложува и во изградбата на идните квалитетни кадри во ИКТ секторот, преку проектот А1 Academy.

Профилот на А1 Македонија можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт