Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

3 работи што се најважни при изборот на стан, според Мактек ДООЕЛ

Кои 3 работи се најважни при изборот на стан, според Мактек ДООЕЛ, која што го гради објектот Majestic крај брегот на Охридското Езеро, еден од најатрактивните станбени комплекси кај нас.

Мактек ДООЕЛ, Скопје е компанија која се занимава со трговија со експлозиви и иницирачки средства, транспорт на експлозиви, дупчење, ископ, нискоградба и високоградба, и истовремено е најпрепознатлива како сигурен партнер на претпријатијата во контролираните минирања.

Основана во 2012 година, Мактек успеа да се позиционира како сигурен партнер во рударството и градежништвото, но и како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Северна Македонија, благодарение на професионалниот пристап, висококвалификуваниот кадар и максималната посветеност на сите вработени во компанијата.

Освен што е препознатлив партнер кој со својата професионалност придонесува за успешно и безбедно изведување на голем број проекти, компанијата во последните неколку години ја прошири дејноста и во градежништвото, како и во трговијата со станбен и комерцијален простор.

„Многубројните успешни проекти во нискоградбата нè поттикнаа да отвориме ново поглавје и оттаму ја продолжуваме нашата успешна приказна како и до сега, со професионалност, квалитет и посветеност и во високоградбата преку „МАКТЕК ГРАДБА“, која ќе им овозможи на сите наши купувачи висококвалитетни, луксузни и современи станбени единици направени со многу труд и љубов која ќе трае“ – наведуваат од компанијата на нивната веб страница.

Главен проект на којшто компанијата работи во моментов е изградбата на комплексот Majestic, којшто се наоѓа во непосредна близина на спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, блиску до центaрот на градот, а сепак далеку од гужвата и метежот.

Три работи што се најважни при изборот на стан и како Мактек се труди да ги задоволи тие критериуми?

Купувањето стан може да биде сигурна долготрајна инвестиција, која што се обезбедува преку:

  • континуиран раст на вредноста,
  • капиталната сигурност,
  • можните приходи од изнајмување и
  • обезбедената иднина за семејството.

Мактек ДООЕЛ, при изградбата на комплексот Majestic во Охрид внимателно и со визија ги планирал сите детали, притоа водејќи сметка да ги запази трите клучни и најважни работи при изборот на стан, а тие се:

  •         Локација, околина и добра поврзаност со градот;
  •         Квалитет на градба и користени материјали;
  •         План за иднината - станот да одговара на потребите на сопствениците.

Како што наведовме погоре, комплексот се наоѓа на мошне атрактивна локација, блску до центарот на градот и до крајбрежјето на Охридското Езеро, но сепак подалеку од сообраќајниот метеж, ноќните клубови и локалите.

Заради ова, станбениот комплекс е особено привлечен за семејства, млади брачни парови и други поединци кои сакаат летните денови да ги поминат во мир и спокојство.

Тоа дополнително, освен како домови, ги прави овие станови мошне атрактивни и за изнајмување во иднина со што може да се акумулира дополнителен капитал во семејството.

Освен што воделе сметка за локацијата, вработените во Мактек особено внимавале при изборот на материјали и самата изградба на објектот, со цел да се обезбеди максимална безбедност во објектот, како и максимална топлинска и звучна изолација.

Од компанијата нагласуваат дека при изградбата на зградата се користат 20cm дебели термо блокови, минерална волна за врвна изолација, облога од огноотпорни гипсени табли за зголемена заштита и безбедност.

Исто така, се користи и врвна ПВЦ столарија, која што освен што обезбедува звучна и топлинска изолација, е препознатлива по својата долготрајност и квалитет.

Дополнително, особено внимание се водело и при изведбата на фасадата, која што е направена со 10cm стиропор за подобрена изолација и е изработена од водоотпорен и отпорен на пукање акрилен малтер.

Тоа значи дека становите изградени од Мактек се дизајнирани за да бидат енергетски ефикасни, со топлинска и звучна изолација, и истовремено да бидат безбедни во непредвидливи ситуации.

Majestic располага со 135 станови, обезбеден паркинг на две нивоа, партер и -1 ниво,  како и подрумски простории. Објектот има два влеза со по 5 ката и вкупна површина на основа од 1.656 m2.

Становите се со различна големина и безпрекорно функционален рапоред, почнувајќи од 28m2 па се до 96 m2.

Изведбите во високоградбата – одличен чекор за растот на добивката на Мактек

Доказ за исклучително доброто и ефикасно работење на Мактек се и финансиските параметри од 2023 година.

Во 2023 година Мактек се најде на 151. место на ранг листата на најуспешните македонски компании (според растот на добивката пред оданочување).

Компанијата остварила вкупен приход од 385.321.262 денари и добивка пред оданочување од 140.986.054 денари.

Процентуално растот на добивката во споредба со претходната 2022 година е за 391,12%.

Релативно малиот број на вработени, околу 38, e уште еден доказ за ефикасноста на компанијата и за тоа дека со вистинска визија, идеја, како и со добро испланирани чекори за раст и експанзија може да се направат крупни промени и да се позиционирате меѓу НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ.

Проширувањето на дејноста, изборот на квалитетни проекти во високоградбата, покрај Охридското Езеро, како и клучните партнерства со некои од најважните изведувачи на крупни проекти во Македонија, како и индустриски предводници, се причина зошто Мактек ДООЕЛ со години наназад останува лидер во својата дејност.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт