Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?

АД Мермерен Комбинат – Прилеп е компанија која опстојува од 1946 година и е глобален лидер во екстракција и обработка на снежно белиот прилепски мермер, кој на глобалниот пазар се продава под трговската марка SIVEC®.

Веќе 79 години, оваа компанија се труди внимателно да го експлоатира природниот ресурс кој бил искористуван уште од времето на нашите предци.

Постојат податоци дека овој снежно бел мермер во време на Римската Империја се користел за изработка на квалитетни скулптури, направени по примерот на грчките, а денес овој македонски природен ресурс, кој се обработува во градот под Марковите Кули е симбол за луксуз, елеганција и безвременска убавина.

За прилепскиот мермер може да слушнете голем број факти, некои од нив се вистинити, а други се дел на урбаните легенди, па во продолжение се обидовме да направиме кратко истражување за тоа што е вистина, а што е лага...

Дали АД Мермерен Комбинат е глобален лидер во ископ на бел мермер во светот?

АД Мермерен Комбинат Прилеп работи со околу 30% од концесиската површина од 2.19km2.

Суровиот материјал од рудникот се обработува во погоните коишто се лоцирани во градот Прилеп, а вкупната површина на фабриката зафаќа 65.000m2.

Освен погоните за преработка, во фабриката има и големи магацини за складирање, каде што се чуваат сите видови на табли и плочки, полирани и неполирани во различни димензии, како и обработен гранулат, но и производи изработени по нарачка.

Добро развиената трговска и маркетинг мрежа, како и близината на пристаништето во Солун, прават овој македонски ресурс да биде лесно достапен на сите континенти, па така регистрираната трговска марка SIVEC®, често е дел од понудата на сите попознати светски компании коишто се занимаваат со продажба и трговија со мермер.

Благодарение на големата површина на ископување, како и големината на компанијата, АД Мермерен Комбинат е глобален лидер во ископ на бел мермер во светот, чијшто производ е надалеку прочуен и познат.

Половина Багдад е изграден со прилепски мермер

Ова е една од приказните што често ќе ја слушнете од повoзрасните, кои имале можност да живеат во некои други времиња и во друг политички и општествен систем, во којшто АД Мермерен Комбинат како компанија исто така опстојувал и имал голема важност како економски фактор во државата.

Дали навистина половина Багдад е изграден со снежно белиот прилепски мермер, не може да се докаже, но факт е дека во палатите на некогашниот лидер на државата, Садам Хусеин, може да се најдат огромни површини декорирани со мермер, а се верува дека за дел од нив се користел и мермерот SIVEC® на АД Прилепски Комбинат.

Инаку, Садам за време на своето владеење изградил околу 100 палати и вили, коишто биле луксузно декорирани со злато и мермер, а сите детали за нивната изградба се чувале во најголема тајност.

Познато е дека Садам во изградбата на своите палати, често носел увозен мермер од Европа, од земји како Италија и тогашна Југославија, па многу веројатно е и во голем дел од неговите палати да се користел и снежно белиот мермер на АД Прилепски Комбинат.

Една од палатите на Садам Хусеин
Прилепскиот мермер е искористен за изградба на Големата Џамија на Шеик Заед во Абу Даби

Ова е факт којшто може да биде потврден во повеќе извори.

Имено, поради својата исклучително чиста снежно бела боја, со минимални тенки сиви линии, големата издржливост и елегантниот изглед, како и заради уникатната структура која овозможува лесна адаптација на материјалот во архитектонските решенија, белиот мермер од Прилеп бил искористен за изградбата на овој голем храм.

Според податоците, во Големата Џамија на Шеик Заед во Абу Даби се искористени околу 165.000 m2 бел мермер, за изградбата на куполите, минарињата, но и за обложување на внатрешните ѕидови.

Прилепскиот мермер е користен и за изградбата на Белата Куќа во САД

Гледајќи ја снежно белата структура на Белата Куќа во САД, Вашингтон, многу лесно може да поверувате во приказната дека за нејзината изградба се користел белиот прилепски мермер, но, ова е факт, којшто се смета за лага.

Вистината е дека куќата била изградена во периодот од 1792-1800 година, со камен од Вирџинија, САД, кој потоа бил обоен во бела боја.

Подоцна, за време на реновирањата бил увезуван мермер, но, за жал не постојат официјални податоци дека прилепскиот мермер бил користен во било кој дел од изградбата на претседателската палата во САД.

Иако, ова тврдење се сведува на урбана легенда, сепак постојат официјални податоци, коишто пак докажуваат дека прилепскиот мермер бил користен во голем број други светски познати градби како Катедралата на Исус Спасителот во Москва.

Прилепскиот мермер се користел и за реконструкција на Диоклецијановата Палата во Сплит, а покрај тоа што се користи за изградба на верски и реконструкција на споменици, белиот мермер од Прилеп е дел и од голем број нови градби во светот.

Хотели, трговски центри, владини згради – снежно белиот мермер од Прилеп многу често е дел од голем број проекти и градби чија што главна цел е да траат и со векови да не подлегнуваат под забот на времето.

АД Мермерен Комбинат – една од најуспешните македонски компании

Погоре споменатите факти не се само маркетиншки трик, туку тие се поткрепени со реални докази кои говорат за квалитетот на производот што АД Прилепски Комбинат со децении наназад го нуди на глобалниот пазар и заради тоа има неприкосновено место меѓу најуспешните македонски компании.

Мермерен Комбинат АД Прилеп е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од самите почетоци на проектот, а во 2023 година повторно реализира раст на профитот и успеа да го подобри својот пласман на ранг листата на Најуспешните македонски компании.

Компанијата се најде на 159. место на ранг листата на најголемите македонски компании, а на ранг листата на најуспешни компании (според добивката пред оданочување) успеа да се искачи две позиции погоре во однос на претходната година, и се најде на 17. место.

Во 2023 година, АД Мермерен Комбинат Прилеп, остварил вкупен приход од 1.830.707.668 денари и добивка пред оданочување од 917.543.694 денари.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 работи што се најважни при изборот на стан, според Мактек ДООЕЛ

Кои 3 работи се најважни при изборот на стан, според Мактек ДООЕЛ, која што го гради објектот Majestic крај брегот на Охридското Езеро, еден од најатрактивните станбени комплекси кај нас.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт