Четврток, 30 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р Пановски Следењето на медицинските трендови, рецепт за успех

АД Д-р Пановски повеќе од 30 години носи европски стандарди во македонското здравство преку увоз на лекови, медицински помагала и филери за естетска медицина. Во што е тајната за успех?

АД Д-р Пановски е една од најголемите веледрогерии во Македонија, која со години наназад ги носи медицинските трендови од светот и кај нас. 

Основана во далечната 1991 година, АД Д-р Пановски е компанија за промет и услуги со лекови, медицински средства и медицинска апаратура.

Фокусот на компанијата е фокусиран на задоволување на потребите на пациентите преку пласирање на различни видови на безбедни и квалитетни медицински производи.

Широкиот асортиман на  медицински производи со кои работи АД Д-р Пановски се должи на повеќегодишна соработка со голем број светски реномирани производители од странство. Вработените во компанијата се високо квалификувани и специјализирани стручни лица од областа на медицината, фармацијата, биохемијата, електротехниката и економијата.

Долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

АД Д-р Пановски е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија уште од далечната 2003 година. Оттогаш па наваму секоја година го потврдува своето место меѓу топ компаниите во Македонија.

Компанијата во 2023 година остварила приход од 2.267.070.394 денари, со вкупна добивка пред оданочување од 182.935.294 денари.

Процентуално, растот на приходите на компанијата во 2023 година е од 42,65 отсто.

Согласно на овие финансиски параметри, на листата на најголеми компании, АД Д-р Пановски е рангирана на 125 место, а на листата на најуспешни е рангирана на 102 место.

Благодарение на зголемениот раст на приходите и на добивката пред оданочување, компанијата успеа да се помести за 52. место нагоре на листата на најголемите компании, и за 29. место на ранг листата на најуспешни компании.

Лидер во обезбедување квалитетни медицински лекови и помагала

Компанијата постои повеќе од 30 години и главна дејност ѝ е промет на големо со:

  • Лекови и помошни лековити средства;
  • Специфичен медицински потрошен материјал за хирургија, кардиологија, радиологија, ортопедија, гинекологија, урологија, хемодијализа, анестезија и интензивна нега.
  • Апаратура, реагенси и потрошни материјали од областа на биохемијата,имунодијагностиката, имунохематологијата, трансфузиологијата и микробиологијата;
  • Медицинска опрема со обезбеден сервис и одржување.

Како лидер на македонскиот пазар во областа на здравството, АД Д-р Пановски ги поставува највисоките стандарди со својата професионалност, подготвеност, ефективност и квалитет на производите и услугите што ги нуди, а се со цел на унапредување на здравствениот систем во Македонија и подобрување на здравјето на пациентите.

АД Д-р Пановски со години наназад во македонското здравство носи висококвалитетни лекови, благодарение на партнерските односи и соработката со некои од светските гиганти во фармацевтската и медицинската индустрија низ светот.

Компанијата соработува со швајцарските гиганти Roche и Swixx, но и со други глобално познати компании како Shire/Takeda, Zentiva, Terumo BCT итн.

АД Д-р Пановски со години наназад учевствува на тендерите за јавни набавки во македонското здравство, пришто е еден од клучните играчи без коишто македонските операциони сали не би можеле да функционираат.

Во последните неколку години, компанијата даде свој придонес и во естетската медицина, преку увоз на производи за естетика, односно минимално инвазивни производи.

Покрај другите производи што се застапени, Д-р Пановски се увозници и на Croma - Saypha® филери, висококвалитетни дермални филери и маски со хијалуронска киселина за беспрекорна нега и убавина.

Иновативноста и следењето на трендовите – клуч за успех

Од година во година забележително е дека АД Д-р Пановски забележува голем раст и е една од најголемите веледрогерии во земјата, иако, за разлика од другите компании од конкуренцијата, оперира со многу мал број на врработени. 

Во 2023 година, просечниот број на вработени лица во АД Д-р Пановски изнесувал вкупно 64. 

Она што ја прави оваа компанија успешна, е, очигледно, начинот на којшто ги води операциите, односно на којшто учествува на пазарот.

Целосната сконцентрираност на увоз на лекови и медицински помагала со специјализирана намена, на лекови за кои во последните години побарувачката е зголемена, прави оваа компанија да бележи постојани успеси, иако многу малку учествува на пазарот со свои аптеки, односно објекти за директна продажба.

Увоз на висококвалитетни производи за естетска медицина дермални филери и други препарати

Увозот на производите за естетика, односно минимално инвазивните производи е само еден пример за тоа како компанијата со години нананзад своето работење го усогласува со потребите на македонскиот пазар.

Така, трендот на користење на вакви неинвазивни методи за естетска корекција бележи значителен пораст низ годините наназад, а се очекува во годините што доаѓаат пред нас, овој тренд уште повеќе да се зголеми.

А благодарение на следењето на трендовите и иновативноста, сосема очекувано е компанијата да остварува позитивни резултати и низ годините што допрва следуваат.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт