Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р Пановски - трговија на големо со фармацевтски производи

АД Д-р Пановски е компанија регистрирана за промет и услуги на големо со лекови, медицински средства како и медицинска апаратура која е присутна на пазарот во Р. С. Македонија од 1991 година.

Во нашата едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, АД Д-р Пановски се наоѓа на листите на најголемите и најуспешни компании во Македонија уште од првото издание, поточно уште од 2003та година. 

Во 2021 година, успеаа да го забележат 133то место на листата на најголеми компании (рангирани според вкупен приход) и 107то место на листата на најуспешни компании (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). 

Остварија вкупен приход од 1.607.554.205 денари што е за 14,39% поголем од приходот остварен во 2020та година. Вкупната добивка пак, изнесува 133.401.464 што е исто така поголема од добивката остварена во 2020 година и тоа за 6,32%


Фокусот на АД Д-р Пановски е задоволување на потребите на пациентите преку пласирање на различни видови на безбедни и квалитетни медицински производи. Широкиот асортиман на медициснки производи со кои работи АД Д-р Пановски се должи на повеќегодишна добра соработка со голем број на светски реномирани производители од странство. 

Како лидер на македонскиот пазар од областа на здравството, АД Д-р Пановски ги поставува највисоките стандарди со својата професионалност, подготвеност, ефективност, и квалитет на производите и услугите што ги нуди, а се со цел унапредување на здравствениот систем во Р. С. Македонија и подобрување на здравјето на пациентите. 

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт