Сабота, 12 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р Пановски, здравствена извонредност во Македонија од 1991 година

АД Д-р Пановски е една од водечките сили во македонското здравство веќе 32 години. Основана е во 1991 година со посветеност кон обезбедување на безбедни и квалитетни медицински производи.
АД Д-р Пановски, здравствена извонредност во Македонија од 1991 година

Главните карактеристики по кои се издвојува компанијата е широкиот опсег на медицински понуди како и високото професионално работење. Па, така, АД Д-р Пановски е лесно препознатлива за домашниот пазар и значително влијае на обликувањето на иднината на здравствениот сектор во Македонија и подигање на стандардите за медицинска нега. 

Компанијата е специјализирана за комерцијална трговија и продажба на лекови, медицински потрошен материјал и медицинска опрема на мало и големо, а на пазарот веќе е звучно име со неспоредлива ефективност и квалитет на своите производи, што само ја запечатува лидерската позиција на АД Д-р Пановски. 

Зад работата на АД Д-р Пановски стои тим од висококвалификувани професионалци кои ја водат компанијата по патот на успехот, а нивната експертиза опфаќа медицина, фармација, биохемија, електротехника и многу други. 


Меѓу производите на АД Д-р Пановски се наоѓаат лекови и помошни средства како и материјали за разни медицински гранки: гинекологија, урологија, хемодијализа, анестезија и апарати за интензивна нега, биохемија, имунодијагностика, имунохематологија, трансфузиологија и микробиологија. Едни од најпознатите добавувачи, но и брендови, со кои соработува АД Д-р Пановски се Allmed Germany, BD, BBraun, Carestream и тоа уште повеќе зборува за посветеноста на компанијата на обезбедување квалитетни производи за пациентите. 

Разновидната палета на производи, тимот од експерти и стратешките партнерства поставуваат нови стандарди на полето на медицината во Македонија и влијаат на обликување на здравствениот пејзаж. Прочитајте повеќе за АД Д-р Пановски на нивниот профил.


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт