Недела, 25 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АКТИВА – успешна македонска компанија со висока репутација во металопреработувачката индустрија

АКТИВА ДОО Штип е основана во 1999 година.
АКТИВА – успешна македонска компанија со висока репутација во металопреработувачката индустрија

Компанијата започнува со мини технологија и неколку вработени, во текот на своето работење прилагодувајќи се на современите динамични текови за постигнување на понатамошен развој и потребите на пазарот, остварува силен подем и прераснува во врвен производствен капацитет во металската индустрија, вклучувајќи ги сите елементи на занаетско-завршни работи, како и производство на дел од потребната процесна технолошка опрема.

АКТИВА има над 20 години искуство во градежната индустрија и две години во производство на автомобилски компоненти. Во 1999 година компанијата е запишана во трговскиот регистар. Во 2014 година АКТИВА Аутомотив е основана како производител на делови за составни делови на каросеријата и шасијата кои обезбедува производи и услуги со супериорен квалитет на распоред и по конкурентна цена. 2017 година беше завршена со проширување на постојниот производствен погон и дуплирање на капацитетите на работата и работодавачите.

За 2021 година успеаа да го забележат 152 место на најголеми и 172 место на најуспешни компании во Македонија. Имено, тоа претставува остварен вкупен приход од 1.486.087.432 денари и остварена вкупна добивка пред оданочување од 132.872.437 денари. Може да се напомене дека забележуваат раст во вкупните приходи од 2,85%. 


АКТИВА инвестираше во системот за управување со квалитет кој е важен фактор за успехот на компанијата поради новите можности што системот ги отвора за соработка со светските лидери. Во оваа насока компанијата поседува највисоки стандарди во индустријата за производство на метали.

Компанијата е корисник на мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за петгодишен инвестициски проект започнат во 2018 година, со вредност од 5 милиони евра и имаат 580 вработени.

Во 2018 година компанијата ја реструктуира сопственоста, се пресели на нова локација, каде што го пушти во употреба својот нов, модерен и добро опремен капацитет за производство на челик за челични конструкции со месечен капацитет од над 1.000 тони.

Во ноември 2022 година Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја посети „Актива“. Посочи дека поддршката на компаниите во реализирањето на нови инвестициски проекти и во зајакнувањето на нивната конкурентност е нивна определба, бидејќи на тој начин се засилува економскиот раст и развој на земјава, расте БДП, и крајно се подигнува животниот стандард на граѓаните.

Зоран Илиевски, пак, менаџерот на „Актива“ рече дека континуирано го зголемуваат производството и вработените и извезуваат за „Тисен Круп“, „Ван Хол“ и „Фастглобал Солушн“.

Повеќе за Актива ДОО може да видите на нивниот профил.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт