Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АЛКАЛОИД АД Скопје - најуспешна фирма од фармацевтската индустрија

Како котираше Алкалоид АД Скопје во 2021 година?
АЛКАЛОИД АД Скопје - најуспешна фирма од фармацевтската индустрија

АЛКАЛОИД AД, Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Во 2021 година успеаа да го заземат 9то место на најуспешни компании како и 14то место на најголеми компании во Македонија. Со остварена добивка пред оданочување од 1.387.841.594,00 денари забележуваат раст од 11,20% во споредба со претходната 2020 година. Исто така можеме да забележиме и значително зголемување на бројот на вработени; и тоа од 1737 на 1860, што претставува огромен пораст во рок од една година. 

„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија).

 

*Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

Од продажбата 35% се реализирани на домашниот пазар, додека, пак, 65% од извоз, од кои 32% на пазарите на ЈИЕ, 19% на западноевропските пазари, 13% во Русија и во ЗНД, а 2% на другите пазари. Со особена гордост ги најавија првите пласмани на нивните фармацевтски производи во Австрија, Португалија и на Кипар, како и првиот извоз на производи од нивното портфолио Becutan на пазарот во Саудиска Арабија.

Од вкупната продажба 88 % се реализирани во сегментот фармација, 8% во козметика, а по 2% во билка и во хемиски производи.

Акциите на „Алкалоид“  денес се во сопственост на над 5.000 акционери, физички и правни лица.

Алкалоид АД Скопје под слогоанот ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЕ, континуирано инвестираат во нивниот сон за поздрав живот на секој поединец.

Повеќе за Алкалоид АД Скопје моежете да видите на нивниот профил.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт