Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

Алкалоид АД Скопје продолжува да ја потврдува својата позиција како лидер во фармацевтскиот сектор во Македонија.

Со континуиран раст на приходите и добивката во изминатите пет години, компанијата ја докажува својата стабилност и стратешка визија за одржлива профитабилност, како и својата висока позиционираност во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Благодарение на позитивните резултати во 2024 година, со остварен вкупен приход од 14.032.427.426 денари и добивка пред оданочување од 1.872.306.460 денари, Алкалоид се најде на петтата позиција на ранг листата на најуспешните македонски компании и на 9. место на ранг листата на најголемите македонски компании.

Во споредба со претходната година Алкалоид во 2024 забележува стабилен раст на приходите за 8,81% и раст на добивката за 13,35%.

Зголемени продажби и зголемен извоз во 2024 година

Во периодот јануари – декември 2024 година, „Алкалоид“ оствари консолидирани продажби од 308.9 милиони евра, од кои 210.5 милиони евра се реализирани преку извоз, како и инвестиции во износ од 23.3 милиони евра.

Компанијата бележи раст и на домашниот пазар и кај вкупниот консолидиран извоз, кој е зголемен за 14%.

„Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашниот пазар, а 68% на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27%, во земјите од Западна Европа 22%, во земјите од Источна Европа 18%, а на другите пазари 1% од вкупните консолидирани продажби“, информираа од компанијата.

Најдинамичен раст меѓу извозните пазари е забележан на Кипар, каде продажбите се зголемени деветкратно, како и во Литванија, со раст од два и пол пати.

Според структурата на продажбите, фармацевтскиот сегмент доминира со 91% учество во вкупните консолидирани продажби, додека сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9%.

Капитални инвестиции и во 2024 година

Освен што забележа раст на продажбата и на извозот, Алкалоид АД во 2024 година заврши и неколку капитални инвестициски проекти.

Компанијата го комплетираше својот најголем инвестициски проект во изминатите две децении – новиот производствен капацитет Таблетно одделение 2.0, на површина од 6.200 m², со вкупна инвестиција од 19.4 милиони евра.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември изнесуваат 1.435.215 илјади денари.

Компанијата ја продолжи и својата интернационална експанзија со регистрација на ново друштво во Хрватска – „Алкалоид фарма интернационал“ ДОО Загреб, како и ново капитално поврзано друштво во Казахстан – „Алкалоид Казахстан“ ДОО, со седиште во Алмати, кое претставува 26. капитално поврзано друштво во рамките на групацијата.

Како котираше Алкалоид во период од пет години?

Со силна визија, стабилен раст и фокус на одржлива профитабилност, Алкалоид АД Скопје продолжува да биде пример за успешен и современ бизнис кој континуирано носи резултати за своите партнери, клиенти и вработени.

Во периодот од 2020 до 2024 година, приходите на АД „Алкалоид се зголемија од 9.6 милијарди на 14 милијарди денари, додека добивката достигна 1.87 милијарди денари, што покажува посветеност на оптимизација, оперативна ефикасност и континуирана инвестиција во квалитетот на производите.

„Нашата цел секогаш била да обезбедиме најквалитетни фармацевтски препарати, одржувајќи стабилен раст и профитабилност. Континуираното инвестирање во човечкиот капитал и новите технологии ни овозможува да одговориме на сите предизвици на пазарот“, истакнуваат од компанијата.

Бројот на вработени континуирано расте – од 1.737 во 2020 на 2.209 во 2024 година, што е показател за зголемен оперативен капацитет и посветеност кон развој на тимот.

Со ова, Алкалоид не само што го зацврстува своето лидерство на домашниот пазар, туку и ја продлабочува својата присутност на меѓународните пазари.

Континуиран раст и во 2025 година

Додека сè уште ги очекуваме официјалните податоци од Централниот регистар на Северна Македонија, „Алкалоид“ нагласи дека во текот на 2025 година остварила продажба од 339.3 милиони евра и добивка од 29.2 милиони евра.

Според официјалниот извештај за работата во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби бележат пораст од 10 отсто во споредба со претходната година, додека извозот на странските пазари изнесува 221.6 милиони евра.

Во структурата на продажбите, 65 отсто од производите се пласирани на странските пазари, додека преостанатите 35 отсто се реализирани дома.

На македонскиот пазар е забележан раст од 20 отсто, што во голем дел се должи на обезбедувањето современи терапии за јавното здравство преку застапување на светски реномирани производители.

Кај извозот, најголем напредок е забележан во Шведска и Австрија, каде продажбите се зголемени за четири пати, а во Холандија за три пати. Значаен раст има и на пазарите во Јужна Африка, Казахстан, Финска и Германија.

Најголем дел од консолидираните продажби, дури 91 отсто, отпаѓаат на сегментот фармација. Во оваа група најзастапени се антибиотиците со 23 отсто, по што следуваат безрецептните лекови (ОТЦ) со 18 отсто, како и невролошките и кардиолошките препарати. Останатите 9 отсто од продажбата се однесуваат на секторите хемија, козметика и билкарство.

Компанијата продолжува со реализација на својот 20-годишен инвестициски план.

Во текот на 2025 година беше пуштена во употреба нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет, опремена за извршување на околу 20.000 анализи годишно.

Вкупните вложувања во основни средства за изминатата година изнесуваат над 1.1 милијарда денари. Овие средства се насочени кон модернизација на погоните за производство на полуцврсти форми, пакување лекови и нови магацински простори.

Групацијата во моментов брои 3.018 вработени, од кои 2.234 се ангажирани во државата. Во текот на изминатата година се реализирани 54 нови вработувања, а на сите вработени во март им е исплатен регрес за годишен одмор во нето-износ од 44.500 денари.

Со ваквите резултати, јасно е дека Алкалоид АД и понатаму продолжува да обезбедува висока позиционираност меѓу најуспешните македонски компании и го задржува своето место на лидер во фармацевтската индустрија.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт