Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Алма-М, компанија за дистрибуција која додава вредност

Алма-М е компанија која во почетокот од своето основање увезувала и извезувала стоки за широка потрошувачка.

Основана е во 1991 година во приватна сопственост, а по само 5 години ја почнува соработката со компанијата Wrigley за увозот на првиот реномиран бренд. 

Денеска главна дејност под која се води компанијата е Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер, но сепак застапени се разни брендови на производи меѓу кои има и грицки и млечни производи. 

Својата дистрибутивна и логистичка активност компанијата ја врши со помош на над 300 вработени, а е сместена во сопствени објекти на површина од 30.000 м2. Во склоп на дистрибутивниот центар се наоѓаат административна зграда, возен парк од 128 возила и 2 магацински објекти кои се на површина од 8.662 м2, а едниот од магацините располага и со дел за замрзнување. 

Алма-М е компанија која постојано вложува и се стреми кон раст и развој, па оттука доаѓа и успехот во работењето во текот на изминатите 32 години откако постои, а со своето делување влијае и ја трансформира бизнис средината и го подига квалитетот на работењето на повисоко ниво.

 

Како една од движечките сили на пазарот, Алма-М е дел и од најголемите и најуспешните компании од 2003 година. Првично влегува меѓу најголемите компании во 2003 година со вкупен приход од 271 милиони денари, а од следната година и меѓу најуспешните со остварена добивка пред оданочување од 38,9 милиони денари. Сега веќе овие бројки се значително поголеми, па така Алма-М веќе остварува повеќе од 10 пати поголем приход на годишно ниво. 2022 година ја заврши исто така успешно, со 2,9 милиони денари вкупен приход и 99 милиони денари добивка пред оданочување. Просечниот број на вработени, пак, беше 316 лица. 

Повеќе за компанијата прочитајте тука.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт