Недела, 11 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ДАУТИ-КОМЕРЦ - 30 години традиција, доверба и безбедност

Од скромни почетоци, до Конгломерат со диверзифицирано портфолио на дејности. ДАУТИ-КОМЕРЦ со децении наназад е една од најдобрите македонски компании. Како компанијата се развива?
ДАУТИ-КОМЕРЦ - 30 години традиција, доверба и безбедност

Како компанија која своите почетоци ги забележува уште во далечните 90 години, ДАУТИ-КОМЕРЦ веќе 30 години пишува успешна приказна и по долгогодишното напорно работeње денес е една од најголемите дистрибутивни компании за потрошувачки стоки, како на територијата на Република Македонија, така и во Регионот.

Започнувајќи како семеен бизнис, а потоа трансформирајќи се во Акционерско друштво, денес ДАУТИ-КОМЕРЦ е подеднакво препознатливо име во Македонија, но и во Косово, Црна Гора и Албанија.

Две децении дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ДАУТИ-КОМЕРЦ стана дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании уште во далечната 2005 година, a во 2023 година на листата на најголеми компании е рангирана на 63. место, a на листата на најуспешни компании, се најде на 155. место.

Во 2023 година ДАУТИ-КОМЕРЦ оствари вкупен приход од 4.452.665.949 денари, со добивка пред оданочување во износ од 139.368.695 денари.

Пронцентуално, растот на добивката пред оданочување во споредба со претходната година е од 34,89%, а растот на вкупните приходи е од 20,44%.

Диверзификација на дејностите, партнерства и проширување на пазарот – Клуч за успехот

Основната дејност на компанијата ДАУТИ-КОМЕРЦ е неспецијализирана трговија на големо.

Таа се одвива преку два канали на продажба и други услуги:

Првиот канал, ја опфаќа дистрибуцијата, односно продажбата на продукти од увозните и домашни брендови за кои компанијата е дистрибутер во земјата.

Во рамки на овој канал на продажба се опфатени ланци на маркети, локални дистрибутери и големи потрошувачи.

Дистрибуцијата опфаќа 3.657 потрошувачки објекти во Македонија и се одвива преку соодветни комерцијалниa дивизии:

  •         за млечни и месни производи,
  •          за храна и пијалаци,
  •          за хигиенски производи и козметика,
  •          дистрибуција на производи од Алкалоид Скопје, производи од хемија, козметика и билкарство (чаеви),
  •          дистрибуција врата до врата,
  •          дистрибуција на производи за потребите на кафулиња и ресторани,
  •          но и продажба на свежо овошје и зеленчук.

Во рамки на вториот канал на продажба, ДАУТИ-КОМЕРЦ врши продажба на стоки и добра од домашни добавувачи.

Овој сегмент опфаќа продажба на производи од домашните производители со широка палета на производи.

Опфаќа 8.324 потрошувачки објекти: мали и малопродажни објекти, хотели, ресторани, кафулиња, сендвичари,  месарници, продавници за здрава храна, аптеки,  јавни и приватни институции, и други.

Овој канал се одвива преку т.н. cash and carry систем на продажба и подразбира достава на потребни продукти за работа на голем број бизниси во различни региони на Македонија.

Освен преку дистрибуцијата и големопродажбата ДАУТИ-КОМЕРЦ редовно учествува и на тендерите за јавни набаки, па така преку нив досега се снабдувале голем број јавни институции и установи како НАТО, МВР, МНР, училишта, градинки и други министерства и институции.

Дистрибуцијата и продажбата се само дел од услугите

ДАУТИ-КОМЕРЦ има свои дивизии и за кетеринг услуги, за пакување на зрнести производи, за откуп, складирање, репарирање (поправка) и продажба на палети, како и за откуп и третман на отпад од амбалажа (најлон, хартија и лименка).

Со ова станува јасно дека ДАУТИ-КОМЕРЦ во изминатите 30 години успеал да ја развие својата основна дејност, но и да го диверзифицира сопственото портфолио на работа.

30 години Доверба, доверба и безбедност

Благодарение на напорната работа, изборот на вистински професионален тим и моќта визијата за успех да се претвори во дела во изминатите 30 години ДАУТИ-КОМЕРЦ само расте и се надоградува, а доказ за тоа е позицинирањето на компанијата како мошне важен регионален, но и глобален играч на пазарот на трговијата.

Стратешките партнерства со голем број гиганти како „Алкалоид“, „Meggle“, „Divela“ и голем број други брендови го прават ДАУТИ-КОМЕРЦ еден од клучните играчи во македонската трговија на големо.

Многу е веројатно голем број од производите што ги консумирате до вашата локална продавница или супермаркет да биле дистрибуирани токму преку овој клучен играч во Македонија.

Денес, ДАУТИ-КОМЕРЦ е моќен бизнис-конгломерат, присутен во четири земји на Балканот и со својата сестринска компанија „Даути-Транспорд Шпед“, која е специјализирана за меѓународен транспорт.

Компанијата располага си најсовремени и софистицирани дистрибутивни центри во:

  •          Сарај (Скопје) со површина од над 22.000 метри квадратни,
  •          во Тетово од 3 000 метри квадратни,
  •          во Струга од 1 500 метри квадратни,
  •          во Драч (Албанија) со 3 000 метри квадратни,
  •          во Урошевац (Косово) од 15 000 метри квадратни и во Подгорица (Црна Гора) од 5 000 метри квадратни.

Овие центри логистички се опремени со најсодветен возен парк, кој има сопствена бензинска пумпа, сервис и други услуги за по експедитивно функционирање. 

Компанијата се управува од административната зграда од 4.500m2, лоцирана во Сарај. 

Сестринската компанија „Даути-Транспорт Шпед“, лоцирана во Република Северна Македонија и Албанија, располага со 11 шпедитерски услужни седишта и возен парк од 60 камиони.

Компанијата гради принципи на доверба, лојалност и истрајност, и само на тој начин ги остварува своите планови за развој.

„Традициjа, Доверба и Безбедност“ - ДАУТИ-КОМЕРЦ е приказна што продолжува...

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт