Првата дрогерија
на dm е отворена уште во 1973 година во градот
Карлсруе во Германија, а денес тој претставува репрезентативен ланец со повеќе
од 3.765 дрогерии во 13 држави ширум Европа. На македонскиот пазар, првите
дрогерии се отворија во 2012 година, а до денеска бројот достигна 20 продажни
места во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и
Охрид.
Ланецот dm со асортиман од речиси 14 000 производи,
важи за место за купување се на едно место, почнувајќи од убавина, природна
козметика, органска храна и додатоци во исхрана, лична хигиена, па се до
производи за нега на бебиња, домаќинство и дезинфекција.
Со својата понуда
од речиси 4.000 производи, dm е најголем понудувач на сопствени, добро познати трговски брендови (Balea,
alverde, dmBio, babylove, Denkmit и
други) кои гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои делува
компанијата.
Еден од
сегментите по кој е познат dm е органската храна. Со понуда од над 300 производи во рамките на
сопствената трговска марка за органска храна – dmBio, dm е најголем понудувач на органска храна на
нашиот пазар и тоа по одлични цени.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт