Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ДМ Дрогерие Маркт – најголеми и најуспешна дрогерија во Македонија

На македонски пазар ДМ постојат од 2012 година, но на пазарите ширум Европа нивното постоење датира од многу порано.

Во 2012, Северна Македонија станува дванаесетта земја во семејството на dm дрогерие маркт. Првите две продавници се отворени на 17 Maj 2012 година во главниот град  Скопје со што градот, а и државата ја добија најпознатата дрогерија од ланецот дрогерии во Европа.

На нашите листи на 200 Најголеми и Најуспешни компании за првпат се најдоа во 2018 година и исто така секоја година по таа забележуваат свое место на листите. 

Во 2022 година ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ успеа да го забележи 156 место на листата на најголеми (рангирани според вкупен приход) и 143 место на листата на најуспешни компании (рангирани според добивката пред оданочување).

Остварија вкупнен приход од 29,106,026 евра и вкупна добивка пред оданочување од 2,064,939 евра.


Залихите на ДМ содржат сеопфатен асортиман со повеќе од 13.500 производи

Во dm можете да најдете голем избор на производи од сегментите на шминки, нега и убавина, парфеми, додатоци во исхрана и органска храна, производи за бебиња и деца, домаќинство и храна за домашни миленици. Широката нутритивна понуда вклучува многу органски производи како тестенини, леб, мусли, суво овошје, џемови и супи, но и зачини, напитоци и чаеви. Покрај органската храна, dm има и голем избор на вегански производи и производи без глутен.

Денес, dm во С. Македонија има 18 филијали, со повеќе од 150 вработени

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт