Сабота, 07 Ноември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Движење на вкупниот број на вработени во 200те најголеми и најуспешни компании

Вработеноста во нашата држава, како земја во развој, е една од позастапените теми во секојдневието.
Движење на вкупниот број на вработени во 200те најголеми и најуспешни компании

Вработеноста во нашата држава, како земја во развој, е една од позастапените теми во секојдневието и воедно е поле кое се соочува со мошне голем број предизвици. 

Едицијата 200 Најголеми и најуспешни секоја година ги анализира најдобрите компании и превзема податоци и за просечниот број на вработени кој тие компании го вработуваат. 200те најголеми и најуспешни компании се воедно и оние кои вработуваат најмногу луѓе.

Изготвивме една кратка анализа односно претставување на трендот, кој може да го видите на сликата подолу, по кој се движеше вработеноста во последните 10 години кај овие компании. Задоволувачки е фактот дека и покрај сé, бројот на вработени од година во година се зголемува и имаме растечки тренд. За жал, економската и енергетската криза кои земаа замав во последните две години, го земаат својот данок и од аспект на вработувањата, па така забележителен е благ пад на вкупниот просечен број на вработени кај 200те најголеми и најуспешни компании. 


ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт