Петок, 07 Ноември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО-ФАРМ – застапник за над 20 светски брендови од фармацевтската индустрија

Еуро – Фарм е модерна, иновативна, општествено одговорна компанија која работи на македонскиот пазар од 2000 година.

Главна дејност на компанијата е трговија на големо со фармацевтски производи во Македонија и во регионот, но исто така делува и преку 122 аптеки на територијата на Македонија. Од 2019 година, Еуро – Фарм се проширува и на пазарот во Албанија. Денес, компанијата е застапник за повеќе од 20 светски брендови во фармацевтската индустрија.




Веќе од 2007 година, Еуро – Фарм се приклучува на Клубот на престижните со тоа што за прв пат се рангира на листата на 200 најуспешни компании и тоа 83то место. Успехот продолжува и понатаму низ годините па така во 2010 година компанијата влегува и во 200 најголеми според вкупен приход. На сликата подолу го прикажуваме патот на Еуро – Фарм во последните 10 години во однос на вкупниот приход кој го остварува и кој секоја година е во пораст. 




Компанијата во 2021 година остварува 19,36% пораст во вкупниот приход и дури 72,07% зголемување на добивката пред оданочување. Како и досега, и 2021 година се покажа како мошне успешна и продуктивна.

Еуро – Фарм заклучно со 31.12.2021 вработува близу 100 луѓе. 

Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт