Вторник, 30 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО ТАБАК - Дистрибуциска мрежа која гради брендови на нашиот пазар

Доверба, пристапност и квалитет. Три клучни работи поради кои производите што ги доставува ЕУРО ТАБАК се избор број еден кај потрошувачите и поради кои компанијата е меѓу најуспешните.

Компанијата „ЕУРО ТАБАК“ веќе 20 години се грижи навремено и војнички прецизно да ги достави вашите омилени производи во маркетите, продавниците, бензинските пумпи, тобаката, хотелите, рестораните.

Долгогодишните партнерства, од кои некои се и од самото основање на компанијата, се само доказ за квалитетната и беспрекорна работа, а благодарение на позитивните финансиски резултати, „ЕУРО ТАБАК“ речиси две децении е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Компанија со најголема дистрибуциска мрежа во Македонија

Покрај тоа што се грижи за точната и навремена дистрибуција, „ЕУРО ТАБАК“ води особена сметка и за продажбата и маркетингот на производите од нивните партнери.

Инвестициите во врвните технологии во одделот за информациски системи и хардвер, како и инвестициите во компенетенциите и едукацијата на стручниот кадар се она што ја прави „ЕУРО ТАБАК“ лидер и компанија со најголема дистрибуциска мрежа во Македонија.

„Ако сакате да бидете само еден од производите – одете на намалување на цена и ќе ве забележат, доколку сакате да бидете производот со став – одете со развој на брендот!“ – нагласуваат од компанијата.

Психологијата на потрошувачот – еден од клучните сегменти за развојот на компанијата

Повеќе од 20 години, јасно е дека „ЕУРО ТАБАК“ не само што работи на дистрибуција на некои од најпознатите брендови кај нас, туку во најголема мера е виновникот што тие производи се широко распространети и достапни кај нас.

Летната жега не може да помине без некои од ладните кафиња на брендот Franck, а зимата е попријатна со мирисот на чаевите од истиот бренд.

Усните и лицето се најдобро заштитени со некои од производите на Neva, познати под брендот Rosal, а уредите подолго работат кога во нив има батерии од јапоснкиот бренд Toshiba.

Дополнително, ако на сето ова се додадат и добро познатите производи од тутун на Imperial Tobacco, грицките на Chio, производите за дополнување на СИМ картичките на T-Mobile, соковите на Јаболчело, ви станува јасно дека „ЕУРО ТАБАК“ е бренд кој со години работи не само на достава, туку на присуство и широка застапеност на производите на своите партнери кај нас.

Водени првично од психологијата на потрошувачите, вработените во „ЕУРО ТАБАК“ водат сметка производите на нивните партнери да бидат достапни секогаш и секаде.

Тоа значи дека тие се главни „виновници“ што продуктите на нивните партнери се лесно достапни и вие како потрошувачи никогаш нема да мора да правите компромис или да ги менувате сопствените навики.

Достапноста, со други зборови, во психологијата на купувачот се пресликува како доверливост.

Од друга страна, доволно е само да слушнеме дел од имињата на производите што ги доставуваат и да сфатиме дека нив  ги има насекаде.

И во маркетите, и во маалските продавници, и во тобаката и на бензинските станици, а штом еден бренд го има насекаде – тоа значи дека голем број луѓе го користат и тој бренд е добар... Нели!?

Од сето ова, може да се заклучи дека со години наназад „ЕУРО ТАБАК“ не само што е лидер во дистрибуцијата, туку и благодарение на добрите практики во работењето тоа е компанија од која многумина можат само да учат како се одржува квалитетна и долгогодишна работа со партнерите.

За „ЕУРО ТАБАК“ дистрибуцијата на продукти не значи само пренос од едно место до друго, туку и работа за кревање на маркетиншката свест, промоција и помош при градењето на квалитетните брендови.

Изборот на вистински дистрибутер е причина зошто некои брендови со години наназад опстојуваат на нашиот пазар, а зошто некои молскавично се појавиле, а потоа исчезнале во заборавот и за нив знаат само некои минати генерации.

„ЕУРО ТАБАК“ во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Компанијата „ЕУРО ТАБАК“ ДООЕЛ, Скопје во 2023 година е рангирана на 51. место на најголемите компании во Македонија, со што забележа скок од 4 позиции нагоре во однос на претходната година.

Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 5.300.172.137 денари и раст на приходите од 3,43% во споредба до претходната 2022 година.

Вкупниот износ на добивката пред оданочување изнесувал 54.809.650 денари, или процентуално, добивката пред оданочување се зголемила за 16,53 отсто.

Повеќе од 20 години оваа компанија е докажан лидер во дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка во Македонија, кој гарантира за својот квалитет на услугата и за добрата позиционираност на производите во продажните објекти.

Рамстор - синоним за секогаш свежо и секогаш вкусно месо

Вистинските гурмани знаат - Рамстор е топ македонска компанија, во чии маркети секогаш може да се набави свежо и вкусно месо. Спакувано според најдобрите стандарди, без чекање редици.

Рамстор до дома - Можност за пазарење од удобноста на вашиот дом

Во 2023 година Рамстор оствари раст на добивката пред оданочување од 264,22% и успеа да се рангира на 71. место на листата на Најголемите македонски компании. Пазарите ли онлајн од Рамстор?

ИГМ-Трејд - Македонски гигант, синоним за општествена одговорност

Со децении наназад ИГМ-Трејд е една од најуспешните македонски компании, со водечка позиција во ЕУ. Но, компанијата вложува во проекти за општествена одговорност, кога е најпотребно.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт