Вторник, 17 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО ТАБАК - Две децении континуиран раст на приходите и развој

ЕУРО ТАБАК веќе 20 години е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Во 2023 година компанијата направи скок на листата на Најголемите компании за 4 места.

Компанијата „ЕУРО ТАБАК“ ДООЕЛ, Скопје во 2023 година е рангирана на 51. место на најголемите компании во Македонија, со што забележа скок од 4 позиции нагоре во однос на претходната година.

Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 5.300.172.137 денари и раст на приходите од 3,43% во споредба до претходната, 2022 година.

Вкупниот износ на добивката пред оданочување изнесувал 54.809.650 денари, или процентуално, добивката пред оданочување се зголемила за 16,53 отсто.

Две децении докажан лидер во дистрибуцијата во Македонија

Повеќе од 20 години оваа компанија е докажан лидер во дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка во Македонија, кој гарантира за својот квалитет на услугата и за добрата позиционираност на производите во продажните објекти.

Во сите години наназад „ЕУРО ТАБАК“ се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата.

Имено, „ЕУРО ТАБАК“ е компанија која што истовремено се грижи за дистрибуцијата, но и за продажбата и маркетингот на производите од нивните партнери.

Квалитетната услуга се должи на спојот на квалификуван кадар, со вложувањето во најновите софтверски и хардверски решенија.

„Продажбата како една од основите во оваа индустрија е таа која ги зајакнува процесите на квалитетна дистрибуција на производите до продажните места.

Земајќи го предвид долгогодишното искуство на менаџерскиот тим за продажба и продажната сила од 145 професионалци, војнички прецизно го затвораат процесот на продажба на производите, не само до продажните места, туку и до крајните потрошувачи.

Процесот на продажба е тесно поврзан со психологијата на потрошувачот чија импулсивност се мери преку маркетинг секторот кој секогаш е составен дел од почетната фаза на продажбата.

Како додаток на одличниот тим за продажба, употребуваме врни технологии во одделот на инфомациски системи и хардвер.

Истите се постојано оддржувани и надградувани со цел да се обезбедат врвни стандарди за нашите партнери како и нивните потрошувачи“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

Компанија со најголема дистрибутивна мрежа

Но, за да се продаваат производите, освен применување на добра практика од областа на психологијата на потрошувачот, неопходно е тие да бидат секогаш достапни на полиците на маркетите.

„ЕУРО ТАБАК“ гарантира дека „вашата пратка секогаш ќе биде прва“ и дека секоја нарачка ќе пристигне за најмногу 48 часа.

Ваквите гаранции се засноваат на исклучително добро развиената дистрибутивна мрежа, која целата територија на Македонија ја покрива преку 4 дистрибутивни региони, во кои има регионален менаџер достапен за клиентите од подрачјето што го покрива.

„ЕУРО ТАБАК“ располага со 145 професионалци за продажба и дистрибуција во 15 дистрибутивни центри низ Македонија.

Магацинскиот капацитет од 5.000 m2 на територијата на Македонија е со посебни температурни режими и различни видови на складирање што ги исполнуваат највисоките стандарди во оваа дејност.

Компанијата дистрибуира на над 5.000 продажни локации, кои освен што опфаќаат голем број продаавници во трговски синџири, локални маркети, продавници и магацини, исто така доставуваат продукти и на бензински станици, хотели ресторани и спа-сентри, како и фармации и тобако продажни места.

Освен што дистрибуира производи од тутун и телекомуникации (електронски картички, вредносни ваучери и сл. од програмата на Т-Мобиле) и производи за широка потрошувачка, компанијата е клучна и за дистрибуција на други видови на стока која е неопходна на нашоте потрошувачи.

„ЕУРО ТАБАК“ ги доставува производите на „Империјал Тобако“, „Т-Мобиле“, „Chio, Frank, Rosal,  а одговорна е и за доставата на голем број фармацевтски производи и хемикалии наменети за домашна хигиена.

„Без оглед на вашата индустрија, ЕуроТабак може да ви обезбеди експертиза во логистиката која е прилагодена на вашите бизнис потреби. Нашите вертикали во индустриите ќе ви укажат како можеме да го поддржиме вашиот бизнис и да додадеме вредност во вашиот ланец на набавки“ – нагласуваат од компанијата.

20 години дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

„ЕУРО ТАБАК“ е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од 2005 година.

Ако се погледне графиконот од работењето на компанијата може да се забележи дека најголем раст и успех имала во 2016 година, кога успеа да се искачи на 17. место на најголемите компании во државата.

По ова следува „период на стабилизација“, односно мал пад на приходите и враќање во речиси идентична позиција како и во претходните години, сè до 2020 година кога светот се соочи со глобален предизвик преку ковид-19, што воедно зададе удар врз целокупната економија.

Но, како што може да се види, тимот на „ЕУРО ТАБАК“ уште еднаш успешно успеал да се справи и со овие предизвици, па така од следната година па наваму, да ја нормализира продажбата и да реализира уште една успешна година.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт