Среда, 22 Јули 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕВН Македонија со стабилен раст и скок од 55 места на листата на најуспешните компании

ЕВН Македонија е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Во 2023 година компанијата е рангирана на 53. место на листата на Најголеми и на 4. место на најуспешни компании во земјата.
ЕВН Македонија со стабилен раст и скок од 55 места на листата на најуспешните компании

ЕВН Македонија АД Скопје е компанија која нуди услуги поврзани со енергија и на македонскиот пазар е активна од 2006 година, а од следната 2007 година се приклучи и на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Организациска поделеност на ЕВН Македонија

Компанијата е составена од повеќе помали компании од истото семејство кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и одржливост во секој поглед.

ЕВН Хоме снабдува со електрична енергија над 800.000 корисници и улогата на оваа компанија е да биде универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај.

ЕВН Снабдување е компанија која нуди висококвалитетни услуги на корисниците кои се снабдуваат со електрична енергија на отворениот пазар.

ЕВН Електрани е компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Електродистибуција е последната компанија во склоп на ЕВН, чијашто главна цел е да управува со дистрибутивната мрежа.

Драстичен скок на ЕВН на листата на најголеми и најуспешни

2023 година беше клучна за голем број компании од енергетскиот сектор.

По енергетската криза со којашто се соочуваше државата претходната година, предизвикана од преголемата увозна зависност и надворешните влијанија, оваа година означи пресврт во работењето на компаниите.

Таа 2023 година ЕВН ја заврши со вкупен приход од 5.239.035.750 денари.

Компанијата забележа раст на приходите од 34,53 отсто, што значеше голем успех, ако се земе предвид дека претходната 2022, ЕВН бележеше намалување на приходот од 85,86 отсто.

Дополнително, растот на добивката пред оданочување во 2023 година бил за 564,93 отсто.

Во поглед на рангирањето, компанијата забележа скок од 19. места на листата на најуспешните и скок од 55. места на листата на најголемите компании.

За потсетување, турбулентната 2022 година, ЕВН ја заврши на 72. место на листата на најголемите и на 59. место на листата на најуспешните компании.

Забележително е дека и во двете години нема драстична разлика во бројот на вработени, па така ако во 2022 година, во време на криза компанијата оперирала со 213 вработени во просек, во 2023 биле вработени 218 лица.

И по зголемувањето на конкуренцијата ЕВН остана најголем снабдувач со струја

Енергетската криза од 2022 година послужи како лекција за сите, а пред сè за компаниите од енергетскиот сектор.

Јасно беше дека е неопходно што е можно побрзо свртување кон обновливите извори на енергија и зголемување на домашното производство.

Како што посочи Регулаторната комисија, во својот годишен извештај, во 2023 година инсталираната моќност на електроцентралите од обновливи извори на енергија учествувала во вкупниот инсталиран капацитет со 50%, додека во вкупното производство учествувала со 33%.

За првпат таа година домашното производството на електрична енергија учествуваше со 97,25% од бруто потрошувачката на електрична енергија, додека само 2,75% беа обезбедени од увоз.

Исто така, значајно е што во 2023 година, значително се зголеми и бројот на активни снабдувачи со електрична енергија и нивниот број изнесуваше вкупно 21.

Тоа значи дека конкуренцијата се зголеми, но ЕВН продолжи и понатаму да биде најголем снабдувач на струја во Македонија.

„Во 2023 година, помалку од половината од вкупната потрошувачка, односно 48,2% од потребите се обезбедени од отворениот пазар на електрична енергија. Околу 27% од правните субјекти се снабдуваа со електрична енергија на слободниот пазар, додека останатите, како и домаќинствата, се снабдуваа преку универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје“ – стои во извештајот од РКЕ.

Инвестиции во обновливи извори на енергија

Следејќи ги светските трендови, и ЕВН, преку својата компанија ЕВН Електрани, во последните години масовно инвестира во создавање капацитети за произведување електрична енергија од обновливи извори.

Во склоп на компанијата работат 11 мали хидроцентрали кои се ревитализирани и целосно автоматизирани.

Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, а просечното производство изнесува 140 GWh. На годишно ниво тие обезбедуваат електрична енергија за околу 20.000 домаќинства.

Освен од хидроцентрали, ЕВН произведува струја и во 6 фотоволтаични централи со вкупно 20 MW и просечно годишно производство од 28 GWh.

Стратешка определба на компанијата е до 2030-та година производството од фотоволтаичните централи да достигне 60 MW.

Освен тоа, компанијата инвестира и во обновување на и реконструирање на високонапонските трафостаници во повеќе градови во државата, со што овозможува поголема сигурност во снабдување со електрична енергија, но и приклучување на нови потрошувачи и производители на обновлива енергија.

Инвестициите, сигурноста, безбедноста прават ЕВН сè уште да биде прв избор кога размислуваме за снабдување со електрична енергија.

Иако постојат одредени промени на слободниот пазар, во поглед на обезбедувањето на домаќинствата ЕВН Хоум и понатаму останува да функционира како универзален снабдувач со електрична енергија и да го зазема доминантното место на енергетскиот пазар во Македонија.

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид ја гради иднината преку извозот: 68% од продажбата доаѓа од странските пазари

Алкалоид одамна не е само домашен фармацевтски лидер. Анализа на извозната стратегија, инвестициите и меѓународната експанзија на една од најголемите македонски компании.
ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

ЕМША ШПЕД Неготино - финансиска анализа на транспортната компанија што ја зголемува профитабилноста и покрај намалените приходи

Финансиска анализа на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ Неготино за периодот 2020–2024 година: приходи, добивка, оперативна ефикасност и позицијата на компанијата во секторот за меѓународен транспорт.
ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип: Пет години континуиран раст ја потврдуваат силата на производствениот сектор

Анализа на финансиските резултати на ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип за периодот 2020–2024: раст на приходите, добивката, бројот на вработени и позицијата меѓу најголемите компании во Македонија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт