Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Финансиските резултати на банките во периодот од 2018 до 2022 година

Банкарскиот сектор во Македонија во глобала е непроменет во изминатите пет години. Единствените промени кои настанаа во поглед на банките кои делуваат на пазарот е припојувањето на Охридска банка кон Шпаркасе банка во 2020 година, како и прекин на делувањето на Еуростандард банка која неколку години беше во стечај.

Во 2022 година на банкарскиот пазар има 13 активни банки кои работат со физички и правни лица. Во овој анализиран период, четирите најголеми банки остануваат непроменети и речиси со исти рангови во секоја година. Тука се Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Халк Банка АД Скопје.

Од прикажаните податоци на графикот во текстот подолу, може да се забележи дека вкупниот капитал и резерви во 2018 година изнесуваче 63,1 милијарда денари и оттогаш секоја година се зголемуваат. Најголемото зголемување е во 2022 година, кога банките реализирале 93,5 милијарди денари во капитал и резерви или 13,16% повеќе од претходната година. 

Што се однесува до остварената добивка пред оданочување, тука има и надолни движења, во 2019 и 2020 кога вкупната добивка се намалила за 10,9% и 8,6%. Во 2021 година има пораст од 26,6%, додека во 2022 има значително зголемување од 199,78% и тогаш вкупната добивка изнесувала 30,1 милијарда денари. 


Во поглед, пак, на бројот на вработени, за жал трендот е опаѓачки и секоја година се помалку луѓе се вработени во овие институции. Почнувајќи со 5763 лица во2018 година, банкарскиот сектор 2022ра ја заврши со 5,9% помалку вработени лица или 5424. 

Повеќе податоци за банките и нивните финансиски резултати низ годините може да најдете тука


Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт