ИЦЕМАК ДОО, Скопје, ја заврши 2023 година со вкупен приход од 506.897.139 денари и со добивка пред оданочување од 123.066.091 денари.
Во споредба со претходната 2022 година, компанијата забележа раст на добивката пред оданочување од 169,02%, и благодарение на тоа се искачи на 177. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
Благодарение на напорната работа и ориентираноста кон раст и освојување на нови пазари, компанијата стана горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
ИЦЕМАК ДОО Скопје е семејна компанија која е основана и која е менаџирана од страна на семејството Анчовски. Компанијата денес е менаџирана од наследниците на кооосновачот и денешниот коспоственик, Дончо Анчовски.
Компанијата е основана во 2004 година, а изградбата на производствената фабрика започнала во 2006 година и целосно била завршена во 2008 година.
Истата година, компанијата ги обезбедила сите потребни лиценци за производство од Владата во Република Македонија.
Првично компанијата се занимавала со производи за временска модификација, односно пиротехника за градобијни ракети, а во 2010 година, компанијата го проширила производството на нелетална муниција.
Во 2012 година, компанијата добила дозвола од владата за започне со увоз, извоз и посредништво на сите типови оружје и воена опрема.
Во интервју за club200, косопственикот на компанијата и извршен директор, Јордан Анчовски, зборува за почетоците и за развојот на ИЦЕМАК ДОО.
„Основачот на компанијата, и моментално ко-сопственик, г. Дончо Анчовски, работеше како консултант за една од водечките компании во САД во областа на временската модификација.
Во соработка со оваа американска компанија беше формирана ИЦЕМАК, каде 49% од сопственоста припаѓаше на американската компанија, а 51% на г. Дончо Анчовски.

Со текот на времето, еден од производствените погони беше адаптиран за производство на не-смртоносна муниција, односно муниција со солзавец.
Постепено, поради потребата од овие производи глобално, производството на не-смртоносна муниција стана главна дејност на компанијата, претставувајќи 90% од вкупното годишно производство“ – појаснува г-дин Јордан Анчовски.
Благодарение на упорната работа, посветеност и страста кои биле неопходни за да се надминат големиот број предизвици со коишто компанијата се соочувала во своето дведецениско постоење, денес ИЦЕМАК успешно се позционира меѓу најдобрите македонски компании и брендови.
Производство на нелетална муниција
Главна активност на ИЦЕМАК ДОО Скопје е дизајн, производство и обезбедување на нелетална муниција за полициските единици и војската на глобалниот пазар.
Во рамки на операциите на компанијата се опфатени сите сегменти: истражување, развој, производство, достава, транспорт и корисничка поддршка,
Компанијата има портфолио од над 70 производи што ги произведува, а коишто се одобрени од македонската војска и полиција и се користат од страна на мировните сили на ОН, како и од страна на други вооружени и полициски сили на глобално ниво.
Благодарение на соработката со некои од водечките компании во овој сектор, ИЦЕМАК секогаш успева да обезбеди најдобар избор за своите клиенти.
Увоз, Извоз и посредништво за воена опрема
ИЦЕМАК е активно вклучена во трговијата со конвенционално оружје, муниција и опрема со двојна намена. Компанијата има силни партнерски односи со производители и увозници од Бугарија, Чешка, Словачка, Србија, Унгарија, Романија, Полска, САД, Франција, Германија итн.
Производство на пиротехника за временска модификација
Во своето 20-годишно постоење ИЦЕМАК не ги напушта своите корени, односно првите производи со коишто започнала да оперира.
Така, денес, освен што произведува нелетална муниција, компанијата и понатаму ги произведува средствата за временска модификација.
Во својата понуда, компанијата и понатаму вклучува градобијни ракети, како и друга пиротехника која треба да помогне за подобар менаџмент на временските услови.
Благодарение на големиот број операции и стратешки партнерства ИЦЕМАК продолжува да се позиционира како водечки играч во индустријата, и да обезбедува иновативни решенија и да придонесува во глобалната безбедност и во модификацијата на временските услови.

Во своето долгогодишно постоење компанијата повеќепати ја потврди својата стратешка определба за глобален раст, благодарение на иновативноста, одлучноста, но и стратешките партнерста кои отвориле голем број врати.
Како што нагласува и самиот извршен директор, во денешниот динамичен свет на трговијата со оружје и воена опрема, крајните корисници сè повеќе бараат брзи испораки и висок квалитет, што од друга страна, го дефинира начинот на работење, но и развојот на компанијата.
„Во однос на квалитетот, освен строгата влезна контрола на репроматеријалите, нашата компанија соработува со Министерството за одбрана и приватните стрелишта. Оваа соработка ни овозможува редовно тестирање на нашите производи и континуирано следење на секојдневното производство.
Што се однесува до производствените капацитети, во изминатиот период вложивме значителни средства во автоматизација на три клучни производствени процеси. Со тоа, не само што постигнавме подобар и постојан квалитет, туку и тројно го зголемивме дневниот производствен капацитет“ – нагласува тој.

Модернизацијата на компанијата, конзистентноста во обезбедувањето договори и нарачки, следењето на новите трендови и нивната презентација во светски рамки само ќе придонесат ИЦЕМАК уште повеќе да се развива и да ја исполни својата стратегија за глобално присуство на пазарот за нелетална муниција.
Целото интервју со Јордан Анчовски, проследете го на следниот ЛИНК.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт