Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИЦЕМАК - со тренинг и проверка на квалитет до безбедно несмртоносно оружје

ИЦЕМАК е македонска компанија која го освојува глобалниот пазар за несмртоносно оружје. Нивните производи се со докажан квалитет, а корисниците добиваат и тренинг за безбедно користење.

ИЦЕМАК ДОО е компанија која е формирана во 2004 година. Почнувајќи како капацитет за производство на пиротехника за временска модификација, со текот на времето, компанијата го проширила производството и еден од своите погони ги пренаменила за дизајн, развој, производство и достава на несмртоносно оружје, или нелетална муниција.

Денес, компанијата се протега на површина од 5.000m2 и располага со една административна зграда, како и две софистицирани производствени погони, од кои едната е екипирана за производство на несмртоносно оружје како солзавец и други видови иританти.

Во своето портфолио, ИЦЕМАК нуди над 70 производи коишто се одобрени од македонската полиција и армија, а се користат и од страна на мировните сили на ОН.

Квалитетни производи и обука за поголема безбедност

Освен што нуди високо квалитетни производи, компанијата е фокусирана и на иновациите. Таа има свој тим којшто лесно да ги модифицира постојните производи според барањата на клиентите, но и, согласно потребите, има можност да развие нови, специфични производи.

Исто така, компанијата инвестирала во автоматизација на производствените процеси, со што е постигнат подобар и постојан квалитет, но и тројно го зголемила произвоствениот капацитет.

Но, за употреба на ваквите висококвалитетни производи, освен неопходните сертификати и одобренија и контиунираните тестирања, компанијата обезбедува и соодветни обуки и тренинг, коишто треба да создадат услови за што е можно побезбедна употреба на несмртоносната муниција која е во производство на компанијата.

За важноста на ваквите тренинзи и обуки во интервју за club200 зборува и косопственикот и извршен директор на компанијата, г-динот Јордан Анчовски.

Прекумерната употреба на сила од страна на полициските единици е честа тема на дискусија ширум светот.

Ние, секако, не го поддржуваме таквото однесување.

Сепак, доколку протестите преминат во насилство, полицијата е должна да употреби сила за да ги заштити мирните демонстранти и објектите каде што се одржуваат протестите.

Во вакви ситуации, операторите кои користат не-смртоносна муниција мора да бидат соодветно едуцирани и обучени.

Нашата компанија, во соработка со професионалци, нуди обуки и тренинзи кои вклучуваат и теоретски и практичен дел.

Како заклучок, за да се избегнат повреди, неопходно е операторите да бидат темелно обучени и подготвени за различни сценарија“ – нагласува тој.

Различни видови обуки, соодветно на потребите на крајните корисници

ИЦЕМАК ДОО на својата веб страница нагласува дека како компанија нуди три видови обуки кои се со различна намена.

Така, курсевите со стандардно траење се еден вид на напредна обука која трае 3 до 4 дена, а во рамки на која учесниците се стекнуваат со соодветни знаења за избор, подготовка, користење и чување на солзавец и други видови муниција.

Освен, стандардните, компанијата нуди и краткотрајни курсеви кои се наменети за употреба на една или две технологии на компанијата.

Третата, и можеби најважна програма што ја нуди компанијата е тактичкиот курс, којшто е со цел да ги обучи полицајците за справување со ситуации на немири.

Овие курсеви ја нагласуваат важноста на пропорционалната употреба на сила од страна на властите и се промовира употребата на помалку смртоносна муниција.

Оваа програма опфаќа теоретски курс, како и практичен тренинг со производите на ИЦЕМАК, а учесниците се стекнуваат со знаења за стратешко планирање и ефикасна употреба на помалку смртоносна муниција.

Станува збор за детален курс, по којшто учесниците се стекнуваат со тактички и технички знаења за контрола и пропорционална употреба на вакви типови оружја.

Со сеопфатна стратегија за раст и развој до позитивни финансиски резултати

Ваквата сеопфатна стратегија за раст и развој, која секогаш во прв план ги има потребите на корисниците, но и безбедноста во управувањето со нивните производи, придонела денес ИЦЕМАК да има голем број клучни стратешки партнерства со земји од регионот, ЕУ, САД и од Блискиот Исток.

Нивните производи се користат од голем број полициски и воени сили во светот, како и од страна на мировните сили во ОН.

А кога работите посветено на градење на својот бренд, логично е тоа да даде свој придонес и да бележите позитивни резултати.

ИЦЕМАК ДОО, Скопје, ја заврши 2023 година со вкупен приход од 506.897.139 денари и со добивка пред оданочување од 123.066.091 денари.

Во споредба со претходната 2022 година, компанијата забележа раст на добивката пред оданочување од 169,02%, и благодарение на тоа се искачи на 177. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Благодарение на напорната работа и ориентираноста кон раст и освојување на нови пазари, компанијата стана горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт