Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ-Трејд - Македонски гигант и двигател на економијата

Во 2023 година „ИГМ-трејд“ забележа пад во добивката во однос на претходната година, но оваа кавадаречка компанија сè уште е на листата на 20 најуспешни компании кај нас.

Иако во последните 20 години трендот беше да се поткрене македонската економија со носење странски компании кои инвестираат во нашата земја, не смее да се занемари и фактот дека и ние можеме да се пофалиме дека имаме ваков „гигант“ кој инвестира во европските земји.

Кавадаречки „ИГМ Трејд“ е македонска компанија со светско реноме, која 95% од своето производство го носи на европските и пазарите на ЦЕФТА и значително придонесува за зголемување на извозот во нашата земја и помага во нашата економија да се слеат пари од другите странски земји.

Од скромни почетоци до цврста регионална и глобална позиција

Компанијата „ИГМ-Трејд“ е основана во далечната 1991 година, а благодарение на брзиот развој и раст денес е еден од најголемите произведувачи на цефки и шупливи, издлабени профили од челик во Европа.

На почетокот била основана како компанија за трговија со производи од црната металургија, а набрзо по отворањето била инсталирана ппрвата линија за сечење плочи од челик.

Во 1997 година, пак ги започнала активностите за креирање на производствената хала, каде што ќе започне со производство на производите по коишто денес е препознатлива.

Покрај инвестициите во примарната фабрика во Кавадарци, во 2015 година компанијата инвестираше во проширување на производството надвор од Македонија, и ја откупи некогашната фабрика за цефки и профили од челик ALPOS, сместена во Шентјур, Словенија.

Со ова компанијата го отвори патот за полесен пристап на производите на европските пазари и за зголемување на производството.

Денес, комбинирано, во производствените капацитети на ИГМ трејд, на годишно ниво се обработуваат 200.000 тони челик.

Како котираше ИГМ-Tрејд на ранг листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во 2023?

ИГМ Трејд е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од 2003 година, кога компанијата имала околу 70 вработени.

Годишниот приход таа година бил во износ од 845.413.139 денари, а износот на добивката изнесувал 117.135.004 денари.

Ако се погледне детално графиконот објавен на club200, може да се забележи дека степенот на раст на приходите почнува постепено да се зголемува од 2015 година, а најголемите приходи и најголемиот раст на добивката компанијата го забележала во 2021 година.

Во 2023 година, може да се забележи дека компанијата речиси седумкратно го има зголемено бројот на вработени (480) во период од 20 години, а износот на вкупните приходи за оваа година изнесувал 9.565.452.851 денари, додека износот на добивката пред оданочување е 990.053.276 денари.

Иако на прв поглед разликата е очигледна, мора да се напомене дека ова беше една од полошите години за „ИГМ-Трејд“.

Имено, компанијата, во споредба со претходната, 2022 година забележа пад на вкупните приходи за 2,10%, и пад на добивката пред оданочување од 50,77%.

Во поглед на ранг листата на Најголемите компании, во 2023 година компанијата направи скок од 3 места нагоре (според на остварените приходи) и се најде на 20. место, додека во ранг листата на Најуспешните (според добивката пред оданочување), „ИГМ-Трејд“ падна за 10 позиции и се најде на 12. место во споредба со претходната година.

Но, тоа не значи дека компанијата работи со загуби, напротив, „ИГМ-Трејд“ и понатаму е една од најпрофитабилните македонски компании, која придонесува за развојот на целокупната македонска економија.

„ИГМ – трејд“ е и понатаму еден од најголемите извозници во Македонија

Oние што се во семејството на НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ и воопшто, оние што имаат барем основно познавање од економијата, знаат дека се мошне ретки примерите каде што профитот може да оди само во нагорна линија, споредувано од година во година.

Ова уште повеќе се однесува на компаниите коишто се занимаваат со индустријата и индустриското производство, каде што огромен број фактори може да влијаат врз крајните резултати.

Затоа, и покрај сè, оваа кавадаречка компанија и натаму останува вистински пример за тоа како со вистинска идеја, визија, желба и истрајност и една локална македонска компанија може да се претвори во глобален играч.

Според податоците од Царинската управа на Македонија, „ИГМ-Трејд“ е еден од најголемите инвеститори во земјата, со капитални инвестиции во 2023 година во износ од 15 милиони евра, додека вредноста на извозот што го остварила компанијата се проценува на 120 милиони евра.

Постоењето и опстојувањето на „ИГМ-Трејд“ има клучен придонес како за развој на тиквешијата и кавадаречкиот регион, така и за целокупната македонска економија, каде индустријата игра мошне важна улога.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт