Вторник, 30 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ-Трејд - Македонски гигант, синоним за општествена одговорност

Со децении наназад ИГМ-Трејд е една од најуспешните македонски компании, со водечка позиција во ЕУ. Но, компанијата вложува во проекти за општествена одговорност, кога е најпотребно.

Кога зборуваме за компаниите кои со децении наназад се дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, мора да се напомене дека голем дел од нив се општествено одговорни компании кои се трудат максимално да вложуваат во заедницата во којашто ѝ припаѓаат и да придонесат за подобар развој на средината и за подобри животни услови.

Компанијата „ИГМ-Трејд“ има огромно значење како за развојот на тиквешкиот регион, така и за развојот на македонската економија, но и за подобрување на животните услови во целата држава.

Како еден од најголемите инвеститори, но и извозници во државава „ИГМ-Трејд“ со децении наназад е симбол за доверба, стабилност и квалитетен живот.

Фабриката за цевки во Кавадарци, индустрискиот парк во Неготино, фотонапонските централи во Кавадарци, се  само дел од капацитетите на овој македонски гигант кои придонесуваат за успехот на компанијата но и за развојот на општеството, економијата и воопшто на средината.

Докази и факти за општествената одговорност што оваа компанија (како една од најуспешните македонски компании) ја покажува, има многу, но во овој напис ќе се осврнеме на неколку клучни моменти.

„ИГМ-Трејд“, со помош за развој на локалната заедница

Она што прво мора да се напомене, кога се зборува за важноста на „ИГМ-Трејд“ за Кавадарци и воопшто за тиквешкиот регион, мора да се нагласи дека фабриката со години наназад значи сигурна егзистенција за стотици семејства во овој регион.

Имено, 2023 година компанијата ја завршила со просечен број од 480 вработени, а дополнително, постојано се отвораат нови работни места за квалификувани кадри од повеќе профили.

Покрај тоа, овој кавадаречки гигант се јавува како покровител и спонзор на низа проекти и настани.

Компанијата во повеќе наврати донирала во здравството и помогнала да се подобрат условите во здравствениот дом во Кавадарци.

Преку донации за инфраструктурни проекти, инвестиции за набавка на санитетско возило и опрема, компанијата покажува дека не само што се грижи за своите вработени, туку и за градот и жителите на општината на која што ѝ припаѓа.

Исто така, „ИГМ-Трејд“ помага со донации и за подобрување на условите во локалните градинки и овозможува да се подобрат условите за најмладите жители во градот.

Помош за државата во услови на криза

Во 2020 година, кога Македонија се најде среде криза, предизвикана од коронавирусот, „ИГМ-Трејд“ повторно настапи со помош за државата и ги помести границите во однос на значењето на корпоративната општествена одговорност.

Имено,  компанијата донираше над 833 илјади еврза, за здравството и економијата во Македонија.

„Со цел да помогнеме во справувањето со коронавирусот Covid-19 во нашата држава, како општествено одговорна компанија и еден од столбовите на Македонската економија, донесовме одлука за обезбедување на следниот пакет помош:

• Парична донација од 15.375.000денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за Здравство, префрлени на посебна наменска донаторска сметка на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.

• Однапред извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.

• Однапред извршена аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.

Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во Македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот“ – најавија тогаш од компанијата.

Ова, воедно беше позитивен пример за тоа како компаниите може да покажат општествена одговорност и да учествуваат во подобрување на условите за живот во заедницата на којашто ѝ припаѓаат.

„ИГМ-Трејд“ како дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

И покрај проблемите и турбулентниот период воопшто за индустриското производство во ЕУ и во Македонија, „ИГМ-Трејд“ и понатаму останува една од најуспешните македонски компании, која и во 2023 година се најде меѓу водечките на ранг листите.

Во 2023 година, износот на вкупните приход на „ИГМ-Трејд“ изнесувал 9,565.452.851 денари, додека износот на добивката пред оданочување е 990.053.276 денари.

Имено, компанијата, во споредба со претходната, 2022 година забележа пад на вкупните приходи за 2,10%, и пад на добивката пред оданочување од 50,77%.

Во поглед на ранг листата на најголемите компании, во 2023 година компанијата направи скок од 3 места нагоре (според на остварените приходи) и се најде на 20-тата позиција, додека во ранг листата на најуспешните (според добивката пред оданочување), „ИГМ-Трејд“ падна за 10 позиции и се најде на 12. место во споредба со претходната година.

Но, тоа не значи дека компанијата работи со загуби, напротив, „ИГМ-Трејд“ и понатаму е една од најпрофитабилните македонски компании, која придонесува за развојот на целокупната македонска економија.

Рамстор - синоним за секогаш свежо и секогаш вкусно месо

Вистинските гурмани знаат - Рамстор е топ македонска компанија, во чии маркети секогаш може да се набави свежо и вкусно месо. Спакувано според најдобрите стандарди, без чекање редици.

Рамстор до дома - Можност за пазарење од удобноста на вашиот дом

Во 2023 година Рамстор оствари раст на добивката пред оданочување од 264,22% и успеа да се рангира на 71. место на листата на Најголемите македонски компании. Пазарите ли онлајн од Рамстор?

ЕУРО ТАБАК - Дистрибуциска мрежа која гради брендови на нашиот пазар

Доверба, пристапност и квалитет. Три клучни работи поради кои производите што ги доставува ЕУРО ТАБАК се избор број еден кај потрошувачите и поради кои компанијата е меѓу најуспешните.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт