Понеделник, 21 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Илинден АД Струга - 50 години градежна гордост на стружани

По турбулентниот период заради пандемија и економска криза АД „Илинден“ во 2023 година забележа раст на на добивката пред оданочување за 195,53% и скок од 63 места на листата на најуспешните.
Илинден АД Струга - 50 години градежна гордост на стружани

АД „Илинден“ – Струга е компанија која повеќе од 50 години е симбол за квалитетна градба во Македонија. Основана уште во далечната 1972 година, оваа компанија покажа истрајност и успеа да опстои и покрај големиот број пресвртници и турбуленции во македонската историја и економија.

По трансформацијата на капиталот и периодот на транзицијата компанијата се претвори во Акционерско Друштво, во кое доминантен сопственик е Радован Трајкоски.

Компанијата денес котира и на Македонската берза за хартии од вредност, а е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од 2003 година.

IlindenAd-Prezentacija200NajgolemiINajuspesni

АД „Илинден“ – сигурен градежен партнер со децении

АД „Илинден“ е трговско друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство, а денес претставува сигурен градежен партнер кој нуди услуги од областа на нискоградбата, високоградбата и хидроградбата.

Дополнително, компанијата располага и со свои капацитети, како каменолом и сепарација, две асфалтни бази, две бетонски бази, голем број на транспортни возила, градежни машини за изградба на патишта и автопати, опрема-финишери за вградување на афалт, производствен погон за бетонски елементи и друга опрема и средства.

Ваквата сеопфатност во градежниот сектор ја прави АД „Илинден“ сигурен и докажан партнер во изградбата.

Големиот број успешно завршени проекти од локално, регионално и државно значење се најважниот индикатор за реномето и на компанијата.

Завршените проекти на АД „Илинден“ се одликуваат со исклучителен квалитет во производство и изведба.

IlindenAdStrugaIzvedbaNaPat

Рекорден скок на АД „Илинден“ на листата на Најуспешните во 2023 година

Акционерското друштво „Илинден“ Струга, во 2023 година се најде на 154 место на најголеми и на 35 место на најуспешни компании во Македонија.

Компанијата остварила вкупен приход од 1.918.030.494 денари и добивка пред оданочување од 514.886.009 денари.

Процентуално, растот на приходите е зголемен за 60,39% во однос на претходната година, додека, пак, растот на добивката пред оданочување е зголемен за 195,53%.

Со ова, компанијата го продолжи трендот на раст на приходите и на зголемување на добивката.

Според бројките и финансиските показатели, 2023 година беше исклучително поволна за оваа струшка градежна компанија.

Две години пред тоа, во 2021 година, кога Македонија и светот сè најдоа среде кризата предизвикана од ковид-пандемијата, компанијата забележа пад на приходите во однос на претходната година за 0,17%, а добивката беше намалена за 32,94%.

Во 2022 година, иако Македонија се соочуваше со неповолни економски услови предизвикани од енергетската криза, АД „Илинден“ Струга успеа, годината да ја заврши со позитивни бројки и да се врати во нагорна линија во однос на претходната година.

Во 2022 година растот на добивката беше за 8%, a растот на приходите за 2,52%, со што компанијата се рангира на 98. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија.

Но, позитивните економски трендови и напорното работење придонесоа, веќе следната 2023 година да биде позитивна за компанијата и таа да направи скок од 63 места на ранг листата на најуспешните македонски компании.

IlindenAdStrugaIzvedbaNaPat

Континуиран раст и квалитетни проекти

Освен позитивните параметри во однос на економските показатели, поврзани со приходите и растот на добивката, ако се погледнат податоците од последните 20 години кои се опфатени во графиконите и табелите на club 200, јасно е дека АД „Илинден“ растел и во бројот на вработени.

Во 2003 година кога АД. „Илинден“ станала дел од проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, таа работела со само 56 вработени, во 2023 година, односно 20 години подоцна, бројот на вработени лица е тројно зголемен и компанијата имала просечно околу 140 вработени.

Според записите во Централниот регистар на Република Северна Македонија, АД Илинден се води како голем субјект.

Инаку, станува збор за компанија која со својата долгогодишна традиција, стана симбол и гордост на стружани.

Тоа е компанија која во континуитет обезбедува сигурна егзистенција за голем број семејства, а учествува и во изградбата на некои од клучните објекти како во нискоградбата и високоградбата, така и во инфраструктурата и патиштата во Република Македонија.

Благодарение на уеството во голем број локални проекти за изградба, но и поради општествената одговорност и укажувањето помош кога таа е најпотребна, АД „Илинден“ е еден од клучните економски херои во струшко-охридскиот крај.

Компанијата не само што учествува во изградбата на новите патишта и градби, туку помага и за обновување и ревитализација на постоечките делници кои се од суштинско значење за развојот на овој регион.

IlindenAdStrugaIzvedbaNaPat

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт