Кои се главните извори на енергија кои вашата компанија ги користи во своите операции?
Интеренерго е меѓународна енергетска компанија со седиште во Љубљана, која и покрај тоа што е релативно млада, е една од најголемите енергетски компании во регионот. Нашите главни активности вклучуваат тргување со електрична енергија, договори за набавка на електрична енергија (РРА), инвестиции во обновливи извори на енергија (RES) и енергетски услуги. Сржта на нашите инвестиции се изградба и управување со електрани за производство на електрична енергија. Разновидното портфолио на проекти низ групацијата опфаќа три извори - вода, ветер и сонце.
Во Интеренерго Македонија имаме инвестиции пред се во областа на ветерната и сончевата енергија, додека во регионот имаме разновидно портфолио и преку проекти од хидро енергија, биомаса, далечинско греење и енергетска ефикасност. Интенцијата е искуството и знаењето од странство да го пренесеме и во нашата земја, преку користење на најнапредните технологии кои овозможуваат ефикасно, доверливо и еколошко производство на енергија.

Можете ли да опишете некои од главните проекти кои вашата компанија во моментов ги спроведува за напредок во производството на обновливи извори на енергија?
Во моментов во околината на Гевгелија и Богданци во тек е изградба на ветро паркот ”ПЕРУН”, во напреден развој се неколку соларни паркови во околината на градовите Битола и Штип, додека во почетна фаза се неколку проекти кои употребуваат отпадна биомаса. Со овие “green field” инвестиции значително ќе се зголеми портфолиото на нашата компанија а воедно ќе дадеме мал придонес кон енергетската транзиција на С. Македонија. Покрај инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, имаме реализирано и проект за енергетска ефикасност во делот на јавно осветлување во општина Радовиш, каде што се остваруваат значителни заштеди на електрична енергија.
Каков е вашиот пристап кон енергетска ефикасност и одржливост во своите операции?
Обезбедуваме оптимални решенија за подобрување на енергетската ефикасност што воедно е и стратегијата на компанијата. Искуството, знаењето и иновациите овозможуваат да понудиме приспособени деловни модели и решенија за задоволување на уникатните потреби на секој партнер. Во регионот имаме успешно реализирано голем број на проекти. Понатаму, би ги потенцирале и проектите кои допринесуваат за циркуларната економија, екологијата и декарбонизацијата во општеството преку употреба на отпадна биомаса, со што од еколошки проблем и трошок создаваме нова вредност.

Која улога ја игра иновацијата во напорите на вашата компанија за развој на нови технологии или подобрување на постоечките во енергетскиот сектор?
Постојаното воведување на иновации и следењето на трендовите ни овозможуваат долгорочно успешно работење. Постојано ги надградуваме и осовременуваме нашите платформи за софтвер и хардвер, воведуваме напредни аналитички методи и алгоритамска поддршка со кои континуирано ги подигнуваме нивоата на дигитализација и автоматизација на процесите и операциите.
Како ги надминувате геополитичките предизвици и регулаторните околности со оглед на тоа дека функционирате на различни пазари?
Не ги надминуваме, настојуваме да се усогласиме со локалната регулатива во секоја земја поединечно и се надеваме дека со приближувањето кон Европската Унија ќе се хармонизира и регулативата.
Кои стратегии ги користи Интеренерго за управување со ризиците поврзани со флуктуации на цените на енергијата и динамиката на пазарот?
Користиме стратегии кои се правопропорционални со стекнато интерно знаење на компанијата, во насока кон намалување на ризиците и зголемување на добивката, а притоа во чекор со развојот на домашниот пазар и глобалната динамика во развој на обновливите извори на енергија.

На кои начини сметате дека придонесувате за локалниот економски развој и креирање на работни места?
Инвестициите во обновливите извори на енергија играат клучна улога во локалниот економски развој и отворањето работни места. Овие проекти бараат квалификувана работна сила за развој, проектирање, изградба, инсталација, одржување, и со тоа освен креирање на работни места се генерира и трансфер на високо софистицирано знаење. Транзицијата кон обновливи извори на енергија ја намалува зависноста од скапи фосилни горива, со што се придонесува за пониски трошоци за енергија од кои бенефит имаат сите, домаќинствата, бизнисите и локалните индустрии, ослободувајќи ресурси за други инвестиции.
14-04-2026
14-04-2026
05-04-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт