Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Историја на Пекабеско АД - 45 години синоним за квалитет и добар вкус

Од земјоделски комбинат до лидер во производството на сувомеснати производи. Како Пекабеско ја создаде својата вкусна приказна и историја која трае повеќе од 40 години?

Пекабеско АД, Илинден е една од најуспешните македонски компании.

Станува збор за компанија во приватна сопственост, чијашто главна дејност е производство на сувомеснати производи и диструбиција на производи за широка потрошувачка.

Во 2023 година, Пекабеско АД се најде на 48. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и на 136. место на ранг листата на најуспешни компании.

Компанијата остварила вкупен приход од 5.540.269.400 денари и раст на добивката пред оданочување од 153.526.024 денари.

Процентуално, износот на растот на приходите во споредба со претходната 2022 година е за 3,40%, додека растот на добивката пред оданочување е за солидни 33,86%.

Компанијата обезбедува сигурна егзистенција за над 420 вработени, а во последните години освен што важи за лидер во прехранбената индустрија кај нас, таа е извозно ориентирана компанија, која своите производи ги пласира и на странските пазари.

Благодарение на овие финансиски показатели, Пекабеско бележи скок во рангирањата во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија.

Но, како започна приказната на оваа компанија, и како Пекабеско АД успеа да опстои повеќе од 4 децении како една од најголемите и најуспешните компании кај нас?

Од земјоделски комбинат до лидер во преработка во месната индустрија

Пекабеско ги влече своите корени од преставништвото на тогаш најголемиот Земјоделски комбинат ПКБ Белград, кое во Скопје било отворено во 1971 година, со цел да се дистрибуираат производите на оваа компанија на територијата на Македонија, Јужна Србија и Косово.

Осум години подоцна, во 1979 година, компанијата ПКБ формирала самостојно правно лице на територијата на Република Македонија, кое било познато под името ПКБ Скопје.

Во 1991 година ПКБ Скопје станала една од првите целосно приватизирани компании во Македонија, во согласност со сите закони за приватизација.

Според, Анатол Кутревски, вториот Извршен директор на компанијата, ова бил најтежок период за компанијата во сите 40 години постоење.

Во интервју за club200, извршниот директор, одговарајќи на прашањето кој бил најголемиот предизвик за компанијата, вели:

„Најтешки години биле годините по распадот на поранешна Југославија кога државата се соочи со губење на пазарите на кој купува и продава стока како и војните, ембаргата и кризите кои значително ги влошија условите за водење бизнис и ја намалија куповната моќ на граѓаните“.

Во 1998 година компанијата почнува да пишува нова историја, благодарение на изградбата на малиот погон за производство на сувомеснати производи и на пазарот почнуваат да се продаваат сувомеснатите производи, познати под брендот Пекабеско.

По успехот постигнат во првите години по основањето на брендот, компанијата во 2003 година гради нова фабрика за сувомеснати производи со капацитет од 260 тони месечно.

Оваа година е значајна, затоа што компанијата одлучува да се преименува од ПКБ Скопје, во Пекабеско АД, како резултат на големиот успех и препознатливоста на пазарот на нивните производи.

Денес палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи, а секојдневно преку нивната добро развиена дистрибутивна мрежа се дистрибуираат над 400 различни производи.

Од 2008 година Пекабеско целосно го имплементира HACCP стандардот за квалитет, важен систем на менаџмент кој е опфатен во секој чекор од обработката на суровините до производството на готов производ, со кој се гарантира производство на безбеден и квалитетен производ.

Следната година (2009), компанијата го доби престижното признание за македонски Супербренд.

По ова следува период на уште поголема експанзија и проширување на компанијата.

Во 2012 година Пекабеско го отвори новиот Производствено – логистички центар во село Кадино, Илинден. 

Центарот е со површина од 19.700 m2 и е изграден по сите европски и HACCP стандарди за производство на сувомесни производи.

Овој погон има капацитет за производство од 35 тони на ден, а располага со широка дистрибутивна мрежа и магацини со 7.500 палетни места на сите режими на лагерување.

Во 2016 година Пекабеско станува сертифицирана компанија со меѓународниот стандард ISO 22000:2005, а сертификацијата ја врши престижната меѓународна сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.

Во насока на подобрување на квалитетот во, 2017 година Пекабеско ја основа лабораторијата за техничко испитување и анализа ТИМКО ЛАБ којашто е акредитирана по меѓународниот стандард ISO 17025.

2018 година Пекабеско добива број за извоз на европскиот пазар и се наоѓа на листата на одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Република Македонија.

Денес Пекабеско е бренд со познат и докажан квалитет и континуираниот раст и развој се нешто кон што компанијата ќе се стреми и во иднина.

Компанијата денес е меѓу најголемите извозници во Македонија, а производите на Пекабеско се застапени како во продавниците во регионот, така и на европските пазари.

Пекабеско денес не е само синоним за квалитет и добар вкус, тоа е синоним за компанија која упорно опстојува и се соочува со сите предизвици (ковид пандемија, зголемена конкуренција) во семејството на НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт