Недела, 11 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Излезе најновото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во 2020та година се справивме со една од најголемите економски кризи во изминативе години на која што ниеден сектор не остана имун.
Излезе најновото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Почитувани читатели, чест ни е да ве известиме дека долгогодишната традиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е штотуку актуелизирана со осуманесетото по ред издание. Уште една година како тимот на Еуро Бизнис Центар Скопје ентузијастично работеше за да Ви ја претстави едицијата  која нуди детален преглед на генералната економска состојба во државата и регионот како и на нејзините двигатели, односно сегментска поделба на најголеми компании рангирани според нивниот остварен приход и најуспешни компании рангирани според нивната добивка пред оданочување, како и просечен број на вработени и раст на приход за време на тековната година. 




Во 2020та година се справивме со една од најголемите економски кризи во изминативе години на која што повеќето сектори не останаа имуни. Сепак, упатуваме благодарност до сите компании кои што придонесоа за оддржување и стабилизација на економијата, како и за нивното учество со што ја направија нашата едиција поопширна, па така овој пат Ви нудиме приказ на компании од разновидна дејност; градежништво, транспорт, производство и трговија меѓу другото. 

Осумнаесеттото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како и до сега, ќе имате можност да го нарачате на англиски и македонски јазик, како и во дигитална форма.


ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт