Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Јапонска филозофија и едуциран кадар - клуч за успехот на Раде Кончар ТЕП

Раде Кончар ТЕП во своето работење ја користи јапонската филозофија и бизнис стратегија KAIZEN, која се фокусира на континуирани, постепени подобрувања на процесите.

Раде Кончар ТЕП е компанија која има околу 75-годишна традиција во металопреработувачката и електроиндустријата, како во Македонија така и во останатите балкански земји. Таа е дел од брендот „Раде Кончар“ и своите корени ги влече уште на почетокот на втората половина на минатиот век.

Ова е една од најуспешните и најголемите македонски компании, која со децении наназад морала својата работа да ја приспособува на новите трендови, на побарувачката на пазарот, но и на иновациите – како јадро на работењето на компанијата.

Секако, за создавање квалитетни производи, услуги и иновативни решенија неопходни се стручни кадри кои успешно ќе ги реализираат проектите.

Квалитетен и стручен кадар – клуч за успехот на компанијата

Во 2024 година, во Раде Кончар ТЕП биле вработени околу 80 лица, според податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на вработени, 30 лица се врвни машински и електро инженери, а 10 од нив се обучувани во Јапонија, во Токио и Осака.

Тие постојано работат на пронаоѓање на најсоодветните и најекономични решенија за нашите потреби, но и за потребите на партнерите и купувачите на компанијата.

Компанијата во своето работење ја користи јапонската филозофија и бизнис стратегија KAIZEN, која се фокусира на континуирани, постепени подобрувања на процесите, во кои се вклучени сите вработени – од врвниот менаџмент до работниците на производствената линија.

Нејзината цел е да се елиминира отпадот, да се подобри квалитетот и да се зголеми ефикасноста, преку мали, секојдневни промени, наместо преку радикални и наметнати промени од врвот на организацијата.

Со други зборови, во Раде Кончар ТЕП подеднаква важност имаат идеите на клиентите, на вработените на терен, но и на менаџментот на компанијата, што само по себе создава идеални услови за работа, иновации, но и за градење долгорочни и квалитетни партнерски односи со клиентите.

Соработка со научните институции

Во своето долгогодишно работење, Раде Кончар ТЕП континуирано остварува соработка со образовните и научните институции во земјата.

Благодарение на ваквите соработки, компанијата им нуди можност на младите студенти уште за време на студиите да се запознаат со практичната работа што подоцна ќе се бара од нив на терен.

Освен тоа, компанијата остварува соработка и во делот на обезбедување поголеми практични знаења, со што директно придонесува за создавање на идните генерации професионалци.

Безбедноста на работното место од императивна важност

Со оглед на тоа што станува збор за компанија во која се вклучени професии со висок ризик, Раде Кончар ТЕП вложува значителни ресурси и во обезбедување соодветни услови за безбедност при работа.

Во 2023 година, компанијата беше добитник на престижната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Наградата ја додели лично министерката г-ѓа Јованка Тренчевска по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа.

 

„Едно нешто што ги поврзува вработените во Раде Кончар ТЕП Скопје е тоа што сите ние, како компанија, сме посветени и насочени кон елиминирање и спречување на ризиците што го загрозуваат здравјето на вработените во нашата работна средина.

Здравјето и безбедноста при работа, според нас, се однесуваат на сите аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје и безбедност на работното место, а наша цел и приоритет е да се обезбедат безбедни работни услови за секој работник, без исклучок, кои се прилагодуваат кон спецификите на работното место“ – нагласуваат од компанијата.

Сертификатите – доказ за квалитетот

Една од посебните корпоративни вредности на Раде Кончар ТЕП е квалитетот, како во однос на производите, така и во однос на систематската работа на компанијата.

Компанијата поседува сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001:2008, сертификат за управување со животната средина ISO 14001:2004, BS OHSAS 18001:2007, како и признанието Excellent SME Macedonia.

Дополнително, компанијата добила и Признание за одговорен однос кон животната средина во 2009 година од Центарот за институционален развој – ЦИРА.

Благодарение на сето ова, ТЕП ја зајакна и ја прошири својата позиција на глобалниот пазар како сигурен партнер кој е во состојба да обезбеди флексибилни решенија, пласирајќи на пазарот производи со иновативен дизајн кои ги следат светските трендови во процесот на производство и иновација.

Континуиран раст и во 2024 година

Со години наназад компанијата е дел од проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, како лидер во решенијата за трафостаници.

Во 2024 година ТЕП Раде Кончар се најде на 186. место на ранг-листата на најуспешни македонски компании.

Компанијата остварила вкупен приход од 736.863.016 денари и добивка пред оданочување од 127.376.189 денари.

Со ваков пристап кон иновациите, кадарот и квалитетот, Раде Кончар ТЕП продолжува да ја гради својата позиција како сигурен и препознатлив партнер на домашниот и меѓународниот пазар и останува еден од двигателите на македонската индустрија, која континуирано го наожа своето место меѓу најсупешните македонски компании.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт