Веќе три децении наназад КАМ го негува имиџот на прв и најдобар хард-дисконт во Македонија. Благодарение на квалитетните производи, коишто се продаваат секогаш по ниски цени, ова е еден од омилените трговски синџири во Македонија.
Но, услугата не би била комплетна, доколку процесот на продажба не го водат задоволни и компетентни вработени кои во секое време се подготвени да одговорат на барањата на потрошувачите.
Се чини дека, освен што успеа да го развие концептот за хард-дисконт до совршенство, КАМ наметна и нови стандарди во корпоративната култура во Македонија и во начинот на којшто компаниите ги третираат своите вработени.
Компанијата во 2023 година имала просечно 1.251 вработено лице, кои активно се вклучени во сите сегменти на работењето на компанијата и кои придонесуваат за нејзиниот успех.
Дополнително, компанијата постојано е отворена за вработување нови квалитетни кадри, а со зголемувањето на обемот на работата, отворањето на нови маркети и нови продажни објекти, бројот на вработени константно расте.
Благодарение на конкурентните плати, постојаните напори за подобрување на условите за работење, како и голем број бенефиции и придобивки, сè поголем број луѓе одлучуваат да ја градат кариерата токму во овие маркети.

КАМ како компанија во последните неколку години одново и одново докажува дека е компанија која се грижи за доброто на своите вработени и ги третира како клучен фактор за својот фактор. Доказ за тоа се добрите услови што со години наназад им ги овозможува во вид на финансиски стимул.
На веб-страницата на компанијата постојано се отворени нови огласи за вработување, а она што ја прави компанијата атрактивна за работа се добрите услови.
Конкурентна почетна плата, обука, платен превоз, колективно осигурување... Ова се само дел од бенефициите што вработените ги добиваат веднаш.
Дополнително, кога на сето тоа ќе се додадат и другите поволности, во вид на пакети производи, слободни денови за важни настани во животот, бонуси за препораки, станува јасно дека компанијата се труди на секој можен начин да им обезбеди одлични услови за работа на вработените, кои во голема мера наликуваат на оние во развиените европски земји и во САД – нешто за што во претходните децении многумина во нашата земја можеа да сонуваат.
Дополнително, она што со години наназад се нагласува и честопати ја бранува јавноста кај нас е износот на годишниот регрес, или т.н. К-15, што компанијата го исплаќа на вработените.
Законски пропишаниот износ на регресот изнесува 40 отсто од просекот на државно ниво во последните три месеци.
Па, така, во 2022 година кога законската обврска беше околу 12.500 денари, КАМ на своите вработени им исплати регрес од 33.000 денари.
Во 2023 година, вработените во КАМ добија регрес во износ од 37.600 денари, во 2024 година 41.000 денари, а во 2025 година им беа исплатени по рекордни 46.000 денари.
Ваквиот износ на годишен регрес кој е речиси трикратно поголем од законски пропишаниот, е само уште една причина повеќе заради која компанијата важи за еден од најпосакуваните работодавачи во земјава.
Позитивните практики што КАМ ги наметна во македонската корпоративна култура во голема мера се одразуваат и врз работењето на другите работодавачи во земјата.
Голем број други трговски синџири, почнаа да применуваат слични практики и да обезбедуваат дополнителни бенефиции за вработените, но и да го зголемуваат износот на годишниот регрес, што се одразува врз креирањето на позитивна работна атмосфера за вработените и барателите на работа во Македонија.
Благодарение на ваквите практики, равенката: „работа во маркет=ниски примања“ стана минато во нашата земја, а КАМ со години наназад не само што е синоним за најдобар работодавач, туку е и една од најуспешните компании кај нас.

КАМ ДОО е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија, со децении наназад.
Во 2023 година, КАМ оствари вкупен приход од 16.536.815.250 денари и добивка пред оданочување од 480.279.561 денари.
Процентуално, во однос на претходната година, забележан е раст на приходите за 15,56%, додека растот на добивката пред оданочување е за 53,24%.
Благодарение на овие резултати КАМ ДОО се најдоа на 7. место на ранг листата на најголеми компании и на 40. место на ранг листата на најуспешни компании во Македонија.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт