КАМ ИМОБИЛИЕН е сестра фирма на препознатливата компанија КАМ ДОО, Илинден, и е дел од групацијата Камчев Груп.
Како посебен правен субјект, КАМ ИМОБИЛИЕН била формирана уште во далечната 1994 година, а главна дејност ѝ е креирање, инвестирање во изградба и управување и издавање на недвижностите на групацијата.
Но, освен што инвестира во изградба на објекти за КАМ Маркети, компанијата се вклучува во изградбата на атрактивни деловни, административни и комерцијални објекти коишто понатаму може да ги даде под наем.
Дополнително, изградбата на вакви големи молови и објекти е од клучно значење за развој на голем дел од македонските градови, каков што е случајот со Битола, која со години немаше ниту еден трговски центар, или пак со Кочани, каде што се гради модерен ритеил парк со СПА центар и други значајни содржини за посетителите.

Компанијата КАМ Имобилиен во последните неколку години реализира неколку клучни проекти за изградба на комерцијални објекти во нашата држава.
Трговско-административните центри на КАМ ИМОБИЛИЕН се наоѓаат во неколку градови во Македонија: два трговски центри во Скопје, два во Битола, забавно - рекреативен центар во Охрид и ритеил паркови во Куманово, Кочани, Неготино и Прилеп.
Дополнително како идни проекти, во останатите градови низ Македонија, ги најавува: ТЦ Вилиџ Вања Камчев - Охрид, ТЦ Кавадарци, ТЦ Прилеп, КАМ Гевгелија, ТЦ Радовиш.
Она што е важно да се нагласи е дека KAM ИМОБИЛИЕН е препознатлив по изградбата на високо енергетско ефикасни објекти, изградени со запазување и примена на највисоките стандарди во градежништвото.
Притоа компанијата создава современ простор за задоволување на потрошувачите и посетителите и креирајќи синергија меѓу водечкиот и омилен трговски синџир во Македонија, КАМ Маркети и други реномирани и домашни интернационални брендови од различни области, како мода, здравје и убавина, спорт, угостителство итн.
КАМ ИМОБИЛИЕН има клучна улога за изградбата на новите објекти каде што се отвораат нови маркети на КАМ, но паралелно инвестира во изградба на молови и трговски центри каде нуди комерцијален простор под закуп.
Како два такви проекти се издвојуваат изградбите на КАМ Мол во скопската општина Ѓорче Петров и во Битола, како трговски центри во кои се спојуваат модерната архитектура и атрактивните содржини коишто се прилагодени за потребите на современиот животен стил.
Трговските центри освен што се спој на модерна архитектура и атрактивни содржини прилагодени за потребите на современиот животен стил, располагаат и со понуда за изнајмување од над 65.000m2 административни и канцелариски капацитети со современи услови и обезбеден сопствен паркинг простор на најдобрите локации во Скопје и низ останатите градови во Македонија.

КАМ ИМОБИЛИЕН е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Во 2023 година, компанијата остварила вкупен приход од 279.430.718 денари и раст на добивката пред доаночување од 116.473.936 денари.
Процентуално, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната година е од 0,06%.
Во 2023 година компанијата се искачи на високото 183. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија, со што забележа скок од само една позиција во однос на претходната година кога се најде на 184. место.
Посебно значајна била позицијата на компанијата во 2021 година, кога компанијата остварила раст на добивката пред оданочување од 215,93%, заради што се најде на 60. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
За разлика од својата сестринска фирма КАМ Маркети кој оперира со повеќе од 1.200 вработени, КАМ ИМОБИЛИЕН остварува големи резултати иако работи со релативно мал број на вработени.
Во 2021 година кога биле реализирани најдобрите резултати, компанијата имала само 21 вработени, а во 2023 година има мало зголемување и тој изнесува 23 лица.
Но, како што може да се види од резултатите, малиот број на вработени не претставува пречка, туку напротив, е доказ дека вистинските резултати може да се постигнат кога имате јасна визија за тоа како да ги распоредите вистинските кадри на вистинските места, да инвестирате во клучни проекти кои понатаму ќе придонесат за поголем раст и развој на бизнис идеата.
Со оглед на тоа што КАМ Маркети како компанија нема намера да застане, туку планира уште повеќе да го прошири и да го распросрани својот синџир на маркети, изградбата на нови објекти е нешто на што и понатаму ќе останат сконцентрирани, а КАМ ИМОБИЛИЕН е компанијата која стои зад изградбата на современите и препознатливи градби во кои се наоѓаат голем дел од вашите омилени маркети.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт