Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар.

Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.

- Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. Потврда за тоа добиваме секојдневно, токму со нивниот избор КАМ да биде местото каде што можат да најдат сè што им е потребно, но овие истражувања со интернационален кредибилитет, ни укажуваат дека таа вредност е препознаена и надвор од нашите граници. Како и досега, така и во иднина ќе продолжиме да изнаоѓаме начини континуирано да го зголемуваме квалитетот на понудата во нашите маркети - велат од менаџментот на КАМ. 


Во текот на истражувањето, од швајцарска агенција ICERTIAS на потрошувачите им е поставено следното прашање: „Наведете го името на домашниот малопродажен синџир кој според Вашето лично искуство и мислење нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар“. Во убедливо најголем број одговори, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар, токму КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија. 

Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS. Во рамки на истото истражување, КАМ се најде на првото место во соодносот цена-квалитет за пекарите кои што се дел од синџирот маркети.


Уште едно истражување, тоа на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија. И за 2023/24, како и за претходните шест години, КАМ е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар. Во рамки на истото истражување, КАМ зазема прво место и во поткатегориите: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.


По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт