Вторник, 26 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КИППЕР МАРКЕТ – успешен ланец на маркети во Македонија

Компанијата е основана во Април 2011 година на македонскиот пазар и досега покажува континуиран раст низ годините.

КИППЕР МАРКЕТ ДОО постои од 2011 година, а на листата на 200 најголеми и најуспешни за првпат се најдоа само 2 години по нивното започнување со работа, во 2013 година. 

КИППЕР МАРКЕТ забележаа исклучително брз и значителен успех на територијата на Македонија. Така по само неколку години постоење успеаа да влезат не само во 200те најголеми и најуспешни, туку и во првите 50 компании рангирани според приходот и добивката. 

За 2022 година го забележаа 30то место на листата на најголеми и 69 место на листата на најуспешни компании. Нивниот вкупен приход изнесуваше 8,4 милијарди денари, а нивната добивка 221 милиони денари

Киппер се грижи за своите вработени, а и е во постојана нагорна линија на отварање на нови работни позиции. Нивниот просечен број на вработени во 2021 година изнесувал 748, додека пак во 2022 вработувале нешто повеќе од 820 лица. 

Главниот фокус на компанијата се нејзините купувачи, со најповолни цени достапни на пазарот, притоа задржувајќи го највисокиот квалитет во своите производи.

Седиштето на компанијата е во Желино, на 10 км од Тетово.

Со цел да се постигне главниот фокус, да се испорача најдобар квалитет за најповолна цена на пазарот, Киппер имплементира функции во својата секојдневна оперативна рутина како

  • Ефикасност во логистиката
  • Управување со работна сила
  • Портфолио на производи
  • Маркетинг со ниски трошоци

Тиквеш: македонски вински бренд со глобални признанија и континуиран раст

Тиквеш во 2024 оствари приход од 3,73 милијарди денари и продолжи со освојување престижни меѓународни награди, зацврстувајќи ја позицијата на македонското вино на светската сцена.

Колку вреди еден вработен во најголемите компании во Македонија? Продуктивност и трансформација на корпоративната економија во 2025

Анализа на продуктивноста во најголемите компании во Македонија во 2025 година, со фокус на приход и добивка по вработен, индустриска нерамнотежа и структурна зависност од извозно ориентирани сектори.

Триглав Осигурување со стабилна позиција меѓу водечките осигурителни компании во Македонија

Триглав Осигурување во 2024 оствари бруто полисирана премија од 1,62 милијарди денари и остана еден од клучните играчи во секторот на неживотно осигурување.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт