Четврток, 12 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Како КАМ ИМОБИЛИЕН направи мудар инвестициски чекор во време на инфлација?

КАМ ИМОБИЛИЕН ја заврши 2023 година со вкупен приход од 279.430.718 денари и се најде на 183. место на ранг листата на Најуспешните компании кај нас.

За разлика од нејзината сестринска фирма КАМ ДОО, за КАМ ИМОБИЛИЕН се чини дека поретко се слуша, но е мошне значајна за развојот на македонската економија и дава значаен придонес на пазарот со недвижности кај нас.

Компанијата како правен субјект постои од 1994 година, а главна дејност ѝ е креирање, инвестирање во изградба и управување и издавање на недвижностите на групацијата.

Откако во 2021 година оствари значаен скок на добивката пред оданочување од 215,93%, заради што се најде на 60. место на ранг листата на најуспешните македонски компании, во последните две години забележително е дека компанијата и понатаму успева да оствари раст и профит, иако со помал интензитет.

КАМ ИМОБИЛИЕН во последните неколку години е вклучена во изградбата на повеќе комерцијални објекти, што се покажа како вистински чекор во време кога стапката на инфлација во нашата земја расте, а не се очекува да има намалување на цените.

Kam-City

Инвестиции во деловен, наместо во станбен простор

Во последните неколку години сè повеќе се зборува за огромното зголемување и растот на цените на станбените објекти во Скопје, а и во државава, што се должи, пред сè, на зголемената побарувачка.

Од друга страна, кога станува збор за деловен простор, се чини дека многу почесто граѓаните имаат тенденција да изнајмуваат, наместо да купуваат објекти.

Но, иако недостатокот на побарувачка не влијае на значајно зголемување на цената за продажба на деловните објекти, сепак, цената на закупнината, под влијание на инфлацијата значително расте.

Јасно е дека инфлацијата може да влијае негативно кога станува збор за изградбата на станбен простор, заради зголемувањето на оперативните трошоци, додека договорените цени за продажба остануваат исти, но инвеститорите во комерцијален простор може да имаат придобивки.

Со изградбата на деловни објекти, КАМ ИМОБИЛИЕН го направи вистинскиот чекор во овој период за да се избори со проблемите коишто настануваат заради зголемените цени.

Инвестицијата во комерцијални и деловни објекти, теоретски, може да обезбеди потенцијал за зголемување на вредноста на имотот во иднина и секако за зголемување на добивката од закупнината.

Изградба на трговски центри во градовите каде што тие се најпотребни

Иако се чини дека во Скопје во последните неколку децении се изградени голем број тровски и комерцијални центри, сепак, состојбата во другите градови во земјата е сосема поинаква.

КАМ ИМОБИЛИЕН во последните неколку години напорно работи на тоа да се промени оваа слика во Македонија.

КАМ ИМОБИЛИЕН има клучна улога за изградбата на новите објекти каде што се отвораат нови маркети на КАМ, но паралелно инвестира во изградба на молови и трговски центри каде нуди комерцијален простор под закуп.

Како два такви проекти се издвојуваат изградбите на КАМ Мол во скопската општина Ѓорче Петров и во Битола, како трговски центри во кои се спојуваат модерната архитектура и атрактивните содржини коишто се прилагодени за потребите на современиот животен стил.

Трговските центри освен што се спој на модерна архитектура и атрактивни содржини прилагодени за потребите на современиот животен стил, располагаат и со понуда за изнајмување од над 65.000m2 административни и канцелариски капацитети со современи услови и обезбеден сопствен паркинг простор на најдобрите локации во Скопје и низ останатите градови во Македонија.

Трговско-административните центри на КАМ ИМОБИЛИЕН се наоѓаат во неколку градови во Македонија: два трговски центри во Скопје, два во Битола, забавно - рекреативен центар во Охрид и ритеил паркови во Куманово, Кочани, Неготино и Прилеп.

Дополнително како идни проекти, во останатите градови низ Македонија, ги најавува: ТЦ Вилиџ Вања Камчев - Охрид, ТЦ Кавадарци, ТЦ Прилеп, КАМ Гевгелија, ТЦ Радовиш.

КамИмобилиен-Презентација200НајголемиИнајуспешни

Квалитетна услуга – клуч за позитивни финансиски резултати

KAM ИМОБИЛИЕН е препознатлив по изградбата на високо енергетско ефикасни објекти, изградени со запазување и примена на највисоките стандарди во градежништвото.

Притоа компанијата создава современ простор за задоволување на потрошувачите и посетителите и креирајќи синергија меѓу водечкиот и омилен трговски синџир во Македонија, КАМ Маркети и други реномирани и домашни интернационални брендови од различни области, како мода, здравје и убавина, спорт, угостителство итн.

Финансиските резултати за 2023 година, пак покажуваат дека одлуката за инвестиција во комерцијален простор била вистинска.

Така КАМ ИМОБИЛИЕН ја заврши 2023 година со вкупен приход од од 279.430.718 денари и раст на добивката пред доаночување од 116.473.936 денари.

Процентуално, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната година е од 0,06%.

Во 2023 година компанијата се искачи на високото 183. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија, со што забележа скок од само една позиција во однос на претходната година кога се најде на 184. место.

Посебно значајна била позицијата на компанијата во 2021 година, кога компанијата остварила раст на добивката пред оданочување од 215,93%, заради што се најде на 60. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт