Во време кога енергетската независност и одржливиот развој стануваат глобален приоритет, концептот „клуч на рака“ се наметнува како најпрактично и најефикасно решение за инвеститорите во обновливи извори на енергија.
Токму тука, ФЕРОИНВЕСТ се позиционира не само како една од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Мaкедонија, туку и како лидер кој не ги следи само трендовите, туку активно ја обликува иднината на зелената енергија во регионот.

Станува збор за конкурентна компанија, чии деловни активности се поделени во секторот на обновливи извори на енергија и во секторот на металната индустрија.
„Во делот на обновливите извори, ФЕРОИНВЕСТ беше прва компанија во регионот која почна со изградба на мали хидроелектрани.
Денес, како вертикално интегрирана енергетска компанија со сите потребни сегменти, нуди комплетни решенија за проектирање, изградба и одржување на електрани на сонце, вода и биогас, батериски системи и трафостаници, откупување на произведената електрична енергија и снабдување со електрична енергија на слободниот пазар.
Во делот на металната индустрија и автоматизацијата, ФЕРОИНВЕСТ располага со четири фабрики за: возила за одржување хигиена во урбани средини, тешки метални конструкции, жичани производи и медицински мебел“ – нагласуваат од компанијата.

„Клуч на рака“ претставува целосно решение – од примерна идеја до функционален и пуштен во употреба енергетски објект.
ФЕРОИНВЕСТ е единствената компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на електрани од обновливи извори: од првичната идеја, преку извршување, одржување на електраната и гарантиран откуп на електрична енергија во иднина.
Во рамките на групацијата ФЕРОИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни услуги и компании кои компетентно го водат инвеститорот низ сите фази на проектот.
Со ваков пристап, клиентите добиваат комплетно решение без непотребни компликации, доцнења или скриени трошоци.
Благодарение на ваквиот пристап, ФЕРОИНВЕСТ пред соработниците и клиентите се пласира како сериозен партнер, а не само изведувач.

Тука слободно може да се нагласи дека она што ја издвојува ФЕРОИНВЕСТ од останатите компании е пристапот кон секој проект како долгорочно партнерство.
Наместо универзални решенија, компанијата нуди индивидуално прилагодени системи, во согласност со потребите, локацијата и енергетските цели на секој клиент.
Особено во областа на фотоволтаичните електрани, ФЕРОИНВЕСТ применува современи технологии, висококвалитетна опрема и докажани инженерски практики, со фокус на максимална ефикасност и долгорочна исплатливост.
Еден таков пример е проектот за изградба на фотоволтаична централа на трговскиот центар Веро Џамбо во Скопје.

Стручните екипи на Феро Инвест и ЕМС во рок од два месеци со успех ја завршија, ја пуштија во употреба и ја предадоа на Верополус груп фотонапонската електрична централа со инсталиран капацитет од 730 kW.
Електраната е поставена на кровот на Веро центарот во Скопје, а со нејзина инсталација инвеститорот до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце.
Освен реализација на проекти за обновливи извори, по принципот „клуч на рака“, Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.
Со секој реализиран проект, ФЕРОИНВЕСТ директно придонесува кон:
Овие проекти не се само инфраструктура – тие се инвестиција во иднината, во економија која се темели на одржливост и иновации.

Во свет каде времето, сигурноста и ефикасноста се клучни, моделот „клуч на рака“ станува стандард, а не исклучок.
Со своето искуство, експертиза и јасна визија, ФЕРОИНВЕСТ покажува дека транзицијата кон обновливи извори на енергија може да биде едноставна, сигурна и профитабилна.

ФЕРОИНВЕСТ не само што гради енергетски објекти – таа гради одржлива иднина, а кога на пазарот нудите квалитетни услуги и производи, успехот е загарантиран.
Според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година, компанијата остварила вкупни приходи во износ од 1.145.634.589 денари и добивка пред оданочување во износ од 170.364.800 денари.
Во однос на претходната година, компанијата остварила раст на добивката пред оданочување за 74,50% и раст на вкупните приходи за 89,87%.
Благодарение на овие показатели, компанијата е рангирана на 112. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт