Вторник, 25 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ Битола - еден од најголемите работодавци во Македонија

Кромберг и Шуберт Македонија претставува странска инвестиција која е на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија 10 година по ред.
Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ Битола  - еден од најголемите работодавци во Македонија

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи жичани системи за автомобилската индустрија. Пионерскиот дух и иновативното претприемништво со рамна хиерархија, овозможија континуирана експанзија и глобализација на компанијата. Со над 50.000 вработени на над 40 локации, Kromberg & Schubert денес е еден од глобалните лидери во снабдувањето со електрични системи, кабли и пластични компоненти. 

Во Македонија претставува еден од најголемите работодавци. Така, во 2022 година просечниот број на вработени во Кромберг и Шуберт изнесувал 6270, додека пак истиот во 2021 година бил 5368, што претставува исклучително голем и значителен раст и позитивна страна како за компанијата така и за намалување на невработеноста во државата. 


За 2022 година, повторно се на 2те листи, односно на листата на најголеми (рангирани според вкупен приход) и на листата на најуспешни (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). Успеаа да го заземат 8то место на најголеми и 58то место на листата на најуспешни компании. 

Остварија вкупен приход од 250,278,343 евра и вкупна добивка пред одаончување од  4,628,130 евра.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт