Мактек ДООЕЛ, Скопје е компанија која се занимава со трговија со експлозиви и иницирачки средства, транспорт на експлозиви, дупчење, ископ, нискоградба и високоградба, и истовремено е најпрепознатлива како сигурен партнер на претпријатијата во контролираните минирања.
Експлозивите со кои тргува компанијата се користат во рудници, каменоломи, како и за пробивање на патишта, за пробивање на тунели, минирање и уривање на разни видови карпи и објекти од јавен интерес.

Истите се користат исто така и за подводни детонации, како и за потребите на сите индустриски и јавни дејствија каде што е потребен ваков вид на експлозивни продукти.
Мактек ДООЕЛ е основана во 2012 година и повеќе од една деценија успешно разботи и успеа да изгради доверба како сигурен партнер во индустријата и градежништвото, каде што високата професионалност и знаењето се клучни за успешно спроведување на проектите.
Како лидер во својата дејност, компанијата е горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

За уште подобро да се долови важноста која што експертизата на вработените на Мактек ја игра во клучните проекти, накратко ќе се осврнеме на неколку главни фактори што се мошне важни за работењето на оваа компанија, која што, со години наназад има важна улога во контролираните минирања во нашата земја.
Контролираните минирања се специјализиран дел од рударската и градежната индустрија во рамки на коишто се користат внимателно испланирани количества и видови на експлозивна енергија со цел да се разбијат препреките за изведба на проектите на прецизен и безбеден начин.
За разлика од неконтролираните експлозии, процесот на контролирано минирање мора да се придржува до строги регулативи и е дизајниран за да ги заштити:
Целта на контролираните минирања е ефикасноста и безбедноста, а не уништувањето.

Мактек ДООЕЛ е компанија која води сметка за сите овие параметри, а нивниот подем се должи пред сè на професионалниот пристап на сите вработени во компанијата.
Оттука, воопшто не зачудува фактот, што оваа компанија досега била сигурен партнер во реализација на голем број проекти.
Во проекти за дупчење, минирање и изградба на патишта, каде во последните години активно работат на пробивањето на клучната делница од Коридор 8, односно на автопатот Охрид – Кичево.
Благодарение на експертизата на вработените во компанијата, лесно се надминуваат големиот број препреки со коишто се соочуваат вработените кои работат на изградбата на оваа клучна делница во Македонија, која во иднина ќе обезбеди уште поголем развој на туризмот, но и побезбеден и побрз транспорт на стоки.
Мактек ДООЕЛ, исто така е сигурен партнер и во минирање и дупчење на отворен и затворен коп, како на пример во рудници и каменоломи, а компанијата на вакви проекти работела во Прилеп, Гостивар и во голем број други градови низ Македонија.
Освен тоа, компанијата врши трговија со голем број експлозиви (прашкасти и емулзиони) и иницирачки средства, коишто се неопходни за работењето на рудниците во Република Македонија.

Освен со оваа основна дејност, Мактек ДООЕЛ во изминатите неколку години одлучи да ја прошири дејноста и да навлезе во секторот градежништво, односно во високоградбата, со изградба и продажба на станбени единици.
Ова се покажа како вистински чекор, благодарение на што компанијата уште повеќе го зголеми профитот и ефикасноста и во 2023 година цврсто се позиционираше меѓу најуспешните македонски компании.
Во 2023 година Мактек се најде на 151. место на ранг листата на најуспешните македонски компании (според растот на добивката пред оданочување).
Компанијата остварила вкупен приход од 385.321.262 денари и добивка пред оданочување од 140.986.054 денари.
Процентуално растот на добивката во споредба со претходната 2022 година е за 391,12%.
Релативно малиот број на вработени, околу 38, e уште еден доказ за ефикасноста на компанијата и за тоа дека со вистинска визија, идеја, како и со добро испланирани чекори за раст и експанзија може да се направат крупни промени и да се позиционирате меѓу НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ.
Проширувањето на дејноста, изборот на квалитетни проекти во високоградбата, покрај Охридското Езеро, како и клучните партнерства со некои од најважните изведувачи на крупни проекти во Македонија, како и индустриски предводници, се причина зошто Мактек ДООЕЛ со години наназад останува лидер во својата дејност.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт