Понеделник, 16 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Мактек ДООЕЛ, гради висококвалитетни станови покрај Охридското Езеро

Мактек ДООЕЛ повеќе од една деценија е клучен играч во трговијата со експлозиви и контролираните минирања во нашата земја, а во последните години привлекува внимание и со своите проекти во високоградбата.

Мактек Дооел е компанија која се занимава со трговија на експлозивни материи, иницирачки средства, транспорт на експлозивни материи, минирање, дупчење, и нискоградба.

Основана во 2012 година, Мактек успеа да се позиционира како сигурен партнер во рударството и градежништвото и како една од најуспешните компании во Македонија, благодарение на професионалниот пристап, висококвалификуваниот кадар и максималната посветеност на сите вработени во компанијата.

Освен што е препознатлив партнер кој со својата професионалност придонесува за успешно и безбедно изведување на голем број проекти, компанијата во последните неколку години испишува нова историја во своето постоење и ја проширува дејноста и во градежништвото, како и трговијата со станбен и комерцијален простор.

„Многубројните успешни проекти во нискоградбата нè поттикнаа да отвориме ново поглавје и оттаму ја продолжуваме нашата успешна приказна како и до сега, со професионалност, квалитет и посветеност и во високоградбата преку „МАКТЕК ГРАДБА“, која ќе им овозможи на сите наши купувачи висококвалитетни, луксузни и современи станбени единици направени со многу труд и љубов која ќе трае“ – наведуваат од компанијата на нивната веб страница.

Доказ за успешното работење и ефикасноста на компанијата се и финансиските параметри од 2023 година, благодарение на кои таа се позиционира меѓу најуспешните компании во Македонија.

Мактек како дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во 2023 година Мактек се најде на 151. место на ранг листата на најуспешните македонски компании (според растот на добивката пред оданочување).

Компанијата остварила вкупен приход од 385.321.262 денари и добивка пред оданочување од 140.986.054 денари.

Процентуално растот на добивката во споредба со претходната 2022 година е за 391,12%.

Релативно малиот број на вработени, околу 38, e уште еден доказ за ефикасноста на компанијата и за тоа дека со вистинска визија, идеја, како и со добро испланирани чекори за раст и експанзија може да се направат крупни промени и да се позиционирате на повисоко ниво меѓу НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ.

Проширувањето на дејноста, изборот на квалитетни проекти во високоградбата, покрај Охридското Езеро, како и клучните партнерства со некои од најважните изведувачи на крупни проекти во Македонија, како и индустриски предводници, се причина зошто Мактек ДООЕЛ со години наназад останува лидер во својата дејност.

Крупни проекти покрај брегот на Охридското Езеро

Еден од најкрупните тековни проекти на Мактек ДООЕЛ, е изградбата на комплексот Majestic во Охрид,  каде што модерниот дизајн и квалитетната изработка се спојуваат, создавајќи совршени услови за беспрекорно живеење.

Комплексот е сместен на атрактивна локација, во близина на Спортскиот Центар „Билјанини Извори“, што истовремено прави тој да биде во срцето на градот – блиску до центарот, а далеку од бучавата и метежот во градот.

Исто така, мошне е важно тоа што, од темелите - до завршните детали, секој аспект во изградбата е внимателно планиран при што се водело сметка да се запазат сите светски стандарди и да се користат само материјали со врвен квалитет.

Од компанијата нагласуваат дека при изградбата на зградата се користат 20cm дебели термо блокови, минерална волна за врвна изолација, облога од огноотпорни гипсени табли за зголемена заштита и безбедност​.

Тоа значи дека становите изградени од Мактек се дизајнирани за да бидат енергетски ефикасни, со топлинска и звучна изолација, и истовремено да бидат безбедни во непредвидливи ситуации.

Majestic располага со 135 станови, обезбеден паркинг на две нивоа, партер и -1 ниво,  како и подрумски простории. Објектот има два влеза со по 5 ката и вкупна површина на основа од 1.656 m2.

Становите се со различна големина и безпрекорно функционален рапоред, почнувајќи од 28m2 па се до 96 m2.

Во поглед на бројот на простории, објектот располага со повеќе типови на стнови како еднособни, двособни, трособни и четворособни.

Со изградбата на овој објект, Мактек ви овозможува да го изберете својот дом покрај брегот на Охридското Езеро и да го искусите комфорот на модерното живеење.

Со ова, Мактек како компанија покажа дека и во проширувањето на својата дејност има намера да ги запази стандардите за квалитет и да го задржи нивото на професионалност кое што го користи и во својата дејност на контролираните минирања.

Како компанија која што е постојано свесна за запазување на сите безбедносни стандарди и критериуми, Мактек се покажа како мошне важен играч во градежниот сектор и високоградбата, кој наметнува нови стандарди на квалитет во изградбата на станбени единици во Македонија.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт