Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Маркетите со 17,25% пораст на вкупните приходи во 2022 година

Пост-ковид периодот се покажа уште подобро за маркетите. Во 2022 година 9те најголеми маркети остварија вкупни приходи од над 908 милиони евра или 17,25% повеќе од претходната 2021 година.

Како и последните неколку години, КАМ го задржа своето лидерско место на листата на најголеми маркети со вкупен приход од 232 милиони евра и добивка од речиси 5,1 милиони евра. Со убедлива разлика од следните рангови во однос на приходот КАМ уште еднаш го потврди своето место на пазарот и се рангираше како 10та најголема и 49та најуспешна компанија за 2022 година.

Втор маркет е КИППЕР маркет рангиран на 30то место на листата на најголеми и 69то место на листата на најуспешни. И покрај тоа што е на второ место во оваа дејност, КИППЕР сепак бележи успешна година и раст на приходот од 37,6% во однос на 2021 година. Салдото на КИППЕР на крајот на годината беше близу 137 милиони евра вкупни приходи и  3,6 милиони евра добивка пред оданочување. Компанијата бележи и највисок раст на приходите во однос на другите маркети од листата. Веднаш потоа, на 35 место, е СТОКОМАК со приход од 120 милиони евра и 3,5 милиони евра добивка пред оданочување. СТОКОМАК на листата на најуспешни се најде на 70тото место. 

Не заостануваат ни ТИНЕКС и ВЕРОПУЛОС кои сепак влегоа во првите 50 најголеми компании со приходи од 100 милиони евра за ТИНЕКС и 90 милиони евра за ВЕРОПУЛОС. Сепак, ВЕРОПУЛОС не го отстапи првото место на најуспешни ни оваа година па така компанијата е прв најуспешен маркет во 2022 година, рангирана на 26 место на листата на најуспешни со добивка од 9,8 милиони евра. 

На 6то место во дејноста маркетите КИТ-ГО од Штип се рангираа на 61во место на најголеми и 97 место на најуспешни со вкупен приход од 78 милиони евра и добивка од 2,8 милиони евра. Потоа следи ЖИТО маркети од Велес рангирани на 73то место и приходи од 62,9 милиони евра и РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА на 76то место со приход од 58,8 милиони евра. 

Последното 9то место го завзема ГРАНДПРОМ-ЗУР кои се рангираа на 155 место според вкупните приходи кои изнесуваа 29,3 милиони евра. 


По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт